Супер, баш убаво така да видам позитивни искуства. Денес требаше да добијам ама сигурно од Дабростонот ќе ми доцни ден-два. Немам симптоми а и еднаш сум била бремена секако ги познавам тие симптоми. Повеќе среќа следниот пат за мене
Нема откажување! Никако, само со упорност и ќе се исплати и најважно позитивни мисли, а тоа во моментот гледам го немаш... јас толку проблеми имав и од моја страна и од сопругот, па успеавме значи можете и вие! Само насочете ги мислите на позитивни работи, верувајте на докторот и на своето тело и ум и ослободете се од притисокот што го чувствувате! Тоа е рецептот пробајте
Немора да значи , јас после секоја инсеминација примав утрогестан 2х и ниту ден не ми доцнеше така да има надеж стискаме палци ❤
Зависи каде , за во приватниве мислам прават регулар , јас во август правев , за на клиника не би знаела да ти кажам , нешто слушнав дека почнале од скоро ама не сум сигурна
Девојки, дали има некоја од вас што прави инсеминации, а во исто време и вежба. Правев три инсеминации до сега. По првите две си продолжив со вежбање, не ни прашував доктор, а сега прашав и ми рекоа дека не се препорачува. Маж ме искара, ама што да правам, зависна сум од вежбање и голем период ми е тоа за пауза, две недели. Дајте ми совет
Точно, баш ден два пред да добијам имам некои флешови негативни ме маваат а преку цел месец сум добра. Ај валда ќе ме огрее и мене. Ми се случуваат неубави работи во последниве 2 год без престан и не доаѓа момент да бидам позитивна. Незнам кога ќе заврши оваа назадија ко урочени по дома сите
Јас откако почнав по тој пат, во почетокот намалив , сега престанав , компензирам со пешачење повеќе , не е исто но здравје нека биде се како што треба па се враќаме
Девојки, помина една недела од мојата инсеминација и оп настинка. Затната сум цела, кашлање, болки во цело тело, со еден збор катастрофа. Значи после секоја инсеминација исто, како да не може организамот да ми се избори, така се чувствувам. Уште сега се откажав, иако дури крајот на неделата треба да добијам. А се сметам за здрава жена, зошто реално многу ретко се разболувам, само вака кога не треба ќе ме фати нешто.