Јас правев две инсминации првата со 78 милиони прочистена неуспешна, втората со 35 милиона успешна , мегјутоа знаеш и сама дека само еден квалитетен сперматозоид е доволен нормално колку повеќе толку поголема шанса, но сепак мислам дека треба едноставно да се поклопат коцките не игра само само спермата улога, ти посакувам среќа ако си правела инсеминација и само позитивна мисла,
Да да знам, но секако сакав чисто од љубопитност да ве прашам тие што сте правеле и биле успешни Во Систина прочистуваат до 20милиони не повеќе од таа бројка, каде сте правеле вие?
Инсеминацијата беше 12 500 и 2 200 за стоп инекција, примав кломифен за стимулација двапати на ден од трет ден , само еднаш бев на ехо на 10 ден и ми закажа на 13 ден инсеминација на 11 вечерта накј 10 часот ми рече да ја примам стопот, за после инсеминација утрагестан од 200 3 пати на ден и аспирин протект од 100, и витамини секако . Инсеминацијата е како да зимаат брис еве така нешто ми личеше не е болно се лежи едно 20 тина минути и си одиш дома, јас си функционирав баш најнормално тој ден не сум одмарала, мислам тоа беше све
Здраво, јас сум нова во форумот. Ако може совет или мислење. На 23ти декември ја направив првата инсеминација. На 03.01 забележав мало крварење(се надевам имплантациско). На 15 и 16 ден од инсеминацијата (вчера и завчера)направив 4 теста и кај сите едната црта беше многу бледа, а преку крв ке можам да испитам дури во вторник. А симтоми имам вртоглавици и затемнети ауреоли. Дали мислите дека до сега требаше да покаже убави две линии на тестот. Ваше мислење или искуство?
Slonce 91 ..дали ви бараа нешто плус испитувања за инсеминација ,сакам месецов да правам во Њу борн . Дали за сопругот бараат нов спермограм и спермокултура? <3
Женска доколку те разбрав убаво на тестовите втората цртка е бледа. Мислам дека е рано сеуште за убави две линии на тестот. Но ако на сите тестови имаш бледа втора цртка тоа може да е рана бременост. Дај боже да е така. Ене го вторник каде е одма ќе дојде, верувам дека си нестрплива ама се надевам вторник ќе пишеш убави вести. Со среќа и стискаме палци
Да втората црта е бледа. Малку ме замисли докторката кога рече дека веке требало убаво да се познават двете линии. Секако ќе ве известам
Lina Fina каде правеше инсеминација и со што беше стимулирана ако не е тајна...и да ...ти посакувам во вторник да се израдуваш најмногу
Кај д-р Ивановски во Систина. Од 3ти ден Кломифен и естрофем, примив 4 инекции гонал ф и плус пиев овунорм, метил фолате и ден пред инсеминацијата примив овитрел инекција. Задоволна од докторот и целата постапка супер поминав и сега чекам да испитам бета да се осигурам и да се пофалам На сите ви поскаувам да видите две цртки.
Да ,Bubamaricka...чекам да добијам циклус за некој ден и ќе почнам ..едвај чекам...инаку јас веќе имам едно детенце од 10 години , ама за второ не бидува природно ...Инаку ќе правам кај д - р Владимир во Њу борн...па ќе се дружиме и ќе се радуваме сите
Да ви е живо и здраво детенцето, ајде што побрзо братче или сестриче. Јас сум кај др. Ивановски во систина. Бев на преглед ни препиша терапија и мене и на сопругот. Треба уште некои испитувања да направиме па да почнеме. Ајде нова година со нови убави вести сите да се радуваме
Фала Ви што ме мислите. Вчера бев кај матичната, но сеуште ништо не се гледаше се надевам дека е рано. Тестовите упорно покажуваат две црти од кои едната е бледа што ме плаши. Матичната вели да за 1 недела повторно да идам. Бета не испитав некако скапо ми беше 1200 ден а резултатот наредниот ден. Како и да е бременост знам дека има, чувстувам... Само да биде се како што треба, бледите црти ме плашат.
Со упат од матичен е 100 ден во Синлаб, резултати истиот ден. Со среќа нека е, се да биде како што треба