Еве и јас да ви се придружам,во петокот ја правев првата инсеминација кај др Димитров. Бидејќи претходно имав вонматерична бременост и се е во ред и со мене и мм докторот реши без стимулации без стоп инекција, п ќе видиме здравје. Сега не знам дали ми е на психичка база ама цело време како да имам болка во јајниците ме стега ме сече во стомак Има некоја со слични симптоми а по две недели со позитивен тест? Да не губам надеж...
Јас имам како грчеви , одвреме навреме како бочкање осеќам,докторот ми рече дека е нормално.Јас правев во саботата прва инсеминација... Ти посакувам многу среќа и две цртки
Во исчекување... Знам дека треба да се опуштиме да не мислиме, ама ај не мисли....Само си барам сиптоми за добивање и си викам ете ке добијам готово
Лелее исто јас имам уште 8 дена .. Но многу се осеќам подуена , дали од вагиналните утрогестан, градите почнаа да ме болат многу, секогаш ме болат пред да ми дојде циклус .. Ох лелее...
Женски нема ден да не помислам на тоа, па се пребројувам уште колку, а не треба Женскии вие сте се распишале. Добра сум супер, терам терапијата. Мене уште неколку дена ми останаа наредната недела треба тест. Инаку нема ден да не помислам, а не треба така да се оптеретуваме. Ама си викам може зошто прв пат па заради тоа. Вие читам добри сте баш ме радува тоа јас искрено од симптоми нешто ништо особено хаха со исклучок на хормониве сама не можам да се поднесам
Ме изнасмеа Тоа со хормоните секако, на макс ни се Ајде другата недела да се радуваме же, крши го мразот веќе
Денес бев на фоликулометрија...ми даде докторот да се боцнам попладне една бемфола...се боцкал некој од вас ? ...Мене ми е старв сама ...и утре исто во стомак хормион...сама
Ако ти е страв сама, со извештајот и со инекцијата оди било каде што има дежурен лекар ќе те боцнат. Или кај матичниот гинеколог прашај може и таму да те боцнат. Инаку ништо страшно не е сигурно убаво е опишано во упатството и слики има претпоставувам. За хориомон треба сама да си купиш шприц и игла нема во самото пакување. Исто на YouTube имаш туторијали да речам како да се боцнеш, ама ако можеш да одиш стручно лице да те боцне оди таму. Ајде без паника и со лесно. Кажи како ќе поминеш