За ваучер согласно правнилникот на ФЗОМ треба IUI спроведена 4 пати со пауза од најмалку два циклуца помеѓу секоја инсеминација...така пишува во правилникот. Е сега дали прифаќаат и со само еден месец пауза не би знаела да ти кажам. Најдобро прашај некој во Фондот или провери во тема вонтелесно оплодување таму мислам имаше повеќе искуства за ваучер.
Moze sekako.jas napraviv taka. Prva inseminacija so biohemiska zavrsi, nareden mesec odma napraviv pak, eve go do mene folikulceto gledame crtani momentalno probaj si ako imas moznost ne chekaj.
Можеби, затоа и реков најдобро да праша во другата тема за вонтелесно оплодување некоја што има искуство со ваучер. Инаку ова со преку два месеци е согласно правилникот од фондот така таму пишува ама во пракса како е стварно не знам.
Потврдувам и јас, за ваучер треба преку еден месец; ако не ти е битно за ваучер може и вдднаш следниот.
Да не се мешам реков, но ајде ако помогнам..., ако е правилото така има и отстапки, зависно од други фактори. Ако си на крај на репродуктивниот период или како е таму дефинирано, подгледнуваат низ прсти, јас ги направив едно по друго и поднесов, ми одобрија, но велам сигурно ради годините и може други соодветни резултати. Значи или јави се консултирај се со нив или прави како што пишува. Во секој случај ти посакувам многу среќа и што побрзо здраво и право детенце
Душички точно на 14от ден од инсеминацијата испитувате преку крв или си почекувате малце.. Јас сум нестрплива а имам уште една недела (не цела)
Мене докторот ми рече за две недели најрано. Ако сакаш пробај со selfclear тој е нели за рано откривање бременост околу 250 ден е го има во аптеките. Ама подобро почекај бидејки рано е за тест, може да не се точни резултатите. Да не си правиш стресови безвезе.
Ајде ќе издржиме уште некој ден без паники,нервози,грижи. Не се оптеретувајте со резултатот. Уживајте во овие денови, па и на крај ништо да не биде ќе одиме до крај. Во вакви борби мора да излеземе сите како победници. Ве гушкам сите
Да се пријавам и јас Денес прва инсеминацаија...малку ме збуни што не проверија дали пукнале фоликулите...одма вбризнаа сперма и за 10 мин...ме пуштија...Ама јас сум оптимист , мислам дека ќе биде успешно
И мене не ми проверија , ама не се секирај ако имаш примено стоп инекција,а процедурата е брза да исто како природно само со чист матетијал..А не лежеше на кревет откако заврши?
Здраво на сите, во четвртокот правев инсеминација во природен циклус без стимулација. Не се надевам многу на позитивен исход бидејќи имав само еден фоликул од десен јајник, а баш десниот јајовод ми е репариран. Како и да е, ова животно патување наречено неплодност е навистина исцрпувачко, се надевам дека ќе си бидеме поддршка.
И кај мене не проверија така што не се секирај, си знаат докторите што како, плус ти мислам беше со стоп хориомон, така што таман си е се. Сега уживај опушти се денес одмори се наспиј се убаво. И дај боже убави вести да ни кажеш.
Ајде женска ќе ја биде. Подршка имаш безусловна верувам од сите. И што побрзо да не снема сите од темава да се префрлиме во труднички муабети