Nema potreba od toa, seuste e rano, ne si pravi takvi stresovi. Ajde malku chear up daj mh poddrshka na folikulceto
@MNoris ама ќе се караме немој така стресови пред време да си правиш... Рано е за тест додека не дојде циклус или да провериш преку крв што е најмеродавен тест нема губење надеж. Да не сум чула плачки рикачки. Значи јас пред тебе мислам бев 3 дена на инсеминација па докторот ми рече најрано петок (овој што иде) тест да правам, а камо ли ти што подоцна правеше. Убаво ти предложи членката гледајте филм или серија опуштено само па напиј се и едно пиво да се олабавиш. Нема предавање инаку ќе се скараме
Пуста желба, незнам што ми беше вчера како крај на свет да е... Ваљда и до хормоните е , мислев дека градите престанаа да ме болат ама се излажав, денес имав многу болки...Ве гушка сите за подршката
Девојки како сте ми? Ќе правиме утре тестови или ќе чекаме да касни некој ден? Јас имам ептен симптоми па мислам дека нема да правам тест сиг сум дека ќе добијам. Ако дај Боже ми касни понеделник тест би направила ама не верувам утре ќе ми дојде се осеќам
Јас едвај ве чекам да пишете позитивни тестови , па дури и да ги сликнете со || цртки , а мене ќе ме бодрите за десетина дена
Јас не правам ништо додека не ми дојде, ако ми касне тогаш , иначе сабота треба да добијам обично ми е точна секогаш па ќе видиме..
Дали некој има правено кај доктор Сотир во Плодност искуство? Јас ке примам инекција во сабота и инсеминација во понеделник, некој совет препорака? Ви благодарам и ви посакувам што побргу 2 цртки на сите
Чекам да дојде викенд, да си зготвиме со маженцето нешто вкусно и да уживаме . Рано е за тест ама секако решив да не правам, ќе си чекам менструација, 4 години во борба отрпнува човек. Кога не се надеваш не може ни да се разочараш . Ви посакувам на сите убав викенд, позитивна мисла, и секако на тие што ќе правите позитивен тест.
Кај Сотир лично не, ама во Плодност кај Таше правев. Спреми си копии од испитувања и од венчаница, мене тоа не ми го кажаа па барав по Битола копирница. Генерално процедурата е многу брза и лесна, те оставаат 40тина минути да полежиш и тоа е се. Ти посакувам успех
Женски ништо овој пат. Здравје докторот ми рече сега еден месец пауза па да се обидеме повторно. Ајде сега вие да ме израдувате со по II цртки сите. Инаку за ваучер требало преку еден месец така ми кажа докторот што значи тоа што пишува во правилникот преку два месеци изгледа не е пракса.
Не се разочарувај тука сме со тебе сите и сите сме во иста ситуација. Јас ќе си чекам да добијам зошто премногу ме мачи стомакот и ме боли така да знам дека нема потреба да правам тест и да се разочарувам.
Само позитивно, за убавите нешта треба време . Со секој нареден пат шансите се зголемуваат. Ќе испаднеме од оваа каша кога тогаш како победници
Женскии колку само убави зборови сте ми пишале. Ви благодарам од срце да знаете дека многу ми значи вашата поддршка. Нема разочарување нити предавање идемо даље поспремни ве гушкам сите