Јас не стигнав ни до тест...сабајле на бришење малку кафено , значи почна пробивањето...до вечер ќе дојде ...следната дефинитивно на ГАК ќе ја правам , не фрлам пари за џабе
Може повеќе инфо за што како каде се одлучивте. Изгледа сите ќе ги следиме твоите стапки Очигледно инсеминацииве ги правиме повеќе за ваучер така да и јас нема да фрлам пари ќе идам на ГАК. Господ е голем душичке еден ден ќе се радуваме само кога!?
Да си жива и здрава. Не требало да биде овој месец. Здравје следниот пат да е успешен. Те гушкам силно
Ви посакувам успех и како што кажа @Damjana5 две да се створат. Со ледно да ви оди постапката па ќе споделуваш што како да ни дадеш школа
Женски дали некоја од вас знае дали за ваучер би правеле проблем доколку инсеминациите бидат преку неколку месеци ...сакам следната да ја правам во мај ,мм ќе оди на пат месецов...или мора да се преку еден месец
@La-loca Кај доктор Стојан Органџиски ќе правиме , исто и првата инсеминација ја правев кај него ... Некако многу долги се овие инсеминациите, па решивме да пробаме инвитро, и доктор ни кажа ако во случај не биде и тоа фондот го прифаќа инвитрото како две (не беше и он сигурен ) инсеминации, па ќе може да аплицираме за ваучер ама дај боже да не стигниме до таму Сега малце ќе одмарам, со следната менструација од втор ден ќе почнам да пијам Yasmin,е боцките не се сеќавам од кога се ...
Мислам дека задолжително е преку еден месец , али најдобро да си го прашаш твојот доктор или да се договорите, ако сака може да ти среди документи...
Не знам , затоа прашувам овде , ама навистина ми нема логика да е ограничено преку еден месец , може да се разбилам баш тој месец ...во секој случај фала ти женска и од срце ти посакувам да си успееш со првото ин витро
Фала ти на одговорот , сега отворив да прочитам што се треба да се спреми од документација и прочитав дека мене воопшто и не ми следува ваучер , зашто се работи за второ дете , а првото ми е зачнато по природен пат .Со години мислев дека можам да поднесам
Девојчиња, каква терапија сте примале пред инсеминација и дали воопшто некаква? Претпоставувам е индивидуално ама ме интересираат искуства.
Јас пред инсеминацијата примав овунорм два пати на ден, витамин д 2000 единици дневно и метил фолат еднаш денот. Бев со умерена стимулација 3 гонали примив подкожно и хориомон стоп инекција мускулно, непосредно пред инсеминацијата, а после инсеминација исто овунорм, витамин д, метил фолат плус премама, кардиопирин, естрофем, кринон гел и 5 дена антибиотик. Таблетоман хахахаха
Јас пиев кломифен 2 пати на ден и фолна само, примив Овитреле, а после инсеминацијата Утрогестан (насабајле-навечер) и тоа беше, на своја рака секако со консултација од докторот пијам Мака, јадам мед со матичен млеч, чат-пат по некое витаминче...
Ништо не примав природно пробавме се си беше во најдобар ред не примив ни стоп инекција сама си пукна ј.к ама за жал неуспешно. Иначе редовно пијам само метилфолат.
Другарки мои , денес една членка во Вонтелесно оплодување ме израдува многу...ме следува ваучер за второ дете иако првото ми е зачнато природно.Нејзе не и барале ниту инсеминации , па решив да си пробам среќа ,да аплицирам ...ако ми бараат дополнително инсеминации ќе правам , ако не, не си губам време за џабе. Се мислам ми фали 4 Д , дали на приватно да одам или може и на ГАК со упат од матичен
Колку убава вест , ајде со лесно да е Јас правев 5Д ама на приватно, иначе ќе ти треба пап тест, HSG, хормонски статус,крвна група,тест за HIV, хепатит б и ц, микробиолошки брисеви, крвна слика,анти мулериан хормон и хемостаза, исто и за сопругот ...