Zdravo zenski, Dali spermogram i spermokultura e toa sto pregleduva mazot? Treba li uste nesto plus? Se spremame za inseminacija
Најдобро докторот да ви каже. Сопругот покрај спремограм и спермокултура докторот не упати да испита и он хормони и да посети уролог. И дополнително му препиша и терапија.
Здраво на сите, пред се секоја чест за поддржката што ја има во оваа група. Многу девојки наоѓаат утеха читајќи низ вашите пораки (меѓу нив и јас). За жал борбата за потомство ја водиме многу луѓе, среќа што низ ваквите групи/дневници се наоѓаат многу позитивни искуства што многу значат. Дали некоја од вас има искуство со инсеминација на 18 ден од циклус, односно 7 дена пред терминот за добивање на менструација (секако пратење на раст на фоликул). Знам дека третман со прогестерон може да предизвика доцнење на циклус (тоа ми се случи со првата инсеминација), дали има некоја искуство со пореметување на циклус поради терапија со естрофем (тоа е терапијата што ја примам оваа инсеминација). Hugs XX
Девојки денес правевме инсеминација прв пат .. Сега .. матичната ми рече ако сакам може да ми отвори боледување 7 дена да полежам дома тие денови .. Што мислите вие дали има потреба од боледување? Дали треба да ги одлежам што се вика тие денови или да си терам на работа нај нормално да си функционирам ...?? Кое е вашето мислење .. ваше искуство .. ?
Јас да ти кажам јмам две инсеминации направено за првата лежев ,одмарав на излегов од станот па може една недела бидејќи сум на 5ти спрат а сега функционирам најнормално ,др ми рече нормален тек на работите ,сепак ти одлучи си како се чуствуваш така .
Благодарам за одговорот Ќе одморам викендов па од понеделник ке си тргнам на работа,така побрзо ќе помине времето ,па за 2 недели дај Боже со позитивен резултат .. и кај мене и кај сите вас
Јас дента само одмарав од наредниот ден си одев редовно ја работа и функционира најнормално. Единствено што внимавав беше да не кревам тешко и да не се изморувам многу.
Во мојот случај јас примав естрофем после инсеминацијатаи ми доцнеше циклусот неколку дена но јас исто примав и кринон гел па мислам дека повеќе заради гелот ми доцнеше циклусот. Инаку за временски кога се прави инсеминацијата верувам дека докторот најдобро знае што и кога прави, така што само верба и убава мисла и те чекаме со убави вести.
Девојки .. искрено кажано,колкава е веројатноста,колкав е процентот од забраменување со инсеминација? Дали има повеќе успешни од неуспешни приказни? Вашите искуства кои се?
Благодарам! Првите две имсеминации ми беа со дабростон. Во првата ми доцнеше два дена, при втората не. Оваа третава е со естрофем па доцни веќе три дена. Утре тест од крв. Болки во гради и стомак (како менструални) веќе немам... а претежно викаат дека болката во градите се интензивира.
Процентот за да се остваре бременост е 10% од инсеминација, од инвитро е 50% ама не можеш да се водиш по тоа, бидејќи сите ние сме различни со своите приказни, а можеби ти ќе бидеш во тие 10% кои остануваат бремени од инсеминација...Прави како ти кажува срцето...
Девојки денес правев прва инсеминација и молам Господ за две цртки. Добро поминав, "материјалот" бил супер така рекоа, јас имав болка зш ми рекоа дека матката ми забегала на десно и со едни како штипалки нешто ми правеа ама ниш страшно....и така Возбудена сум, нз како ќе издржам 2 недели за да видам дали сме успеале
И јас правев вчера прва инсеминација.. ајде со Господ напред двете да се радуваме за 2 недели А до тогаш само биди силна .. наоѓај си занимација да не мислиш многу на тоа ..Со среќа на двете