Здраво на сите, пројде и мојот ред па сега останува само на чекање 2 недели па да видиме )). сакав да се консултирам дали освен препишаната терапија и фолна пиете и други витамини? Д, Ц цинк...
Здраво и од мене Стигнав до мојата прва инсеминација и да се надоврзам на последниот коментар мене ми препишаа аспирин (х1тбл) и утрогестан (3х1). Дополнително ги пијам фертилимин и си земам витамин Ц. Вас што ви препишаа?
ајде со лесно да ни е и дајбоже да се израдуваме за брзо )) јас пијам дабростон аспирин и метилирана фолна, а чат патси зимам и витамини д или ц...
Здраво .. ви посакувам на двете да успеете и да се израдувате за 2 недели .. каде правевте инсеминација??
Фала ти на убавите желби, дај боже сите да се радуваме за брзо Јас правев во њу борн и досега сум задоволна од целиот тим што работи таму
Фала ти, да се надеваме дај боже. Јас во Систина исто задоволна сум до сега па ќе видиме понатака како ќе е. Кажете ми на 15 ти ден правите и обичен тест и преку крв после за бета или директно бета?
Јас правев 2 преку урина на 3 дена доцнење и негативни беа,потоа престанав да го ставам утрогестанот и добив после 2 дена .
Здраво девојки, Сакав да го споделам моето досегашно искуство со инсеминација. На почеток од месецов имав втора инсеминација. Денес на 13ти ден од инсеминацијата направив утрински тест со урина при што добив многу бледа втора линија. До сега никогаш не сум добила ваков резултат, секогаш бил јасно негативен тестот, со само една обоена линија. Не издржав и уште денес испитав бета-ХЦГ преку крв и добив вредност од 83 mIU/mL. Повторувам, ова е резултат од 13ти ден пост инсеминацијата. Дали да се надевам дека ќе се качува бетава деновиве? Сестрата на гинекологот што ја правеше инсеминацијата ми рече да продолжам со терапијата што ми ја препишаа пост-инсеминација и да чекам минимум уште една недела. Засега имам некои благи грчеви во долниот дел од стомакот и малку ме буни тоа, бидејќи потсеќаат на болки пред циклус. Ви благодарам <3
Јас мислам дека е успешна инсеминацијата ... Ти посакувам среќа и здрава и лесна бременост Каде правеше инсеминација?
Ти благодарам Се надевам сите ќе се израдуваат со висока бета. Инсеминација правев во Систина, кај д-р Ивановски.
Драго ми е ако моето искуство влева надеж.Јас сепак се' уште имам доза на резерва и не можам да се опуштам целосно. Останува да ја следиме состојбата овие неколку дена, па ако има некакви промени, споделувам веднаш. Среќно на сите
Девојки, ви се случува да имате малку повеќе секрет една недела после инсеминација? Јас воедно сум со терапија утрогестан, но не е од вагиналната таблета...
здраво дали можеби правевте бета и каде? Ако да каде точно, ме занима како е сега со ситуацијава дека гледам доста е гужва по лабараторииве..
здраво @Kejt362, да малце на почетокот али потоа нормално....јас имам чудни болки како грчеви во долниот дел на стомакот малце налик менструлани па ке видиме..