Дали после инсеминација, покрај утрогестан, сте примале и терапија од прогестерон депо ампули и на колку време ги примавте?
Lucija a na koj den od inseminacija napravi test...jas na 14 ti den i izelze negativen a dolu vo matkata me pecka i mi e poduena a gi gradite me bolat...inaku cestitki i se ke bide vo red...
Мила на 14 ден направив тест и ми покажа бледа втора линија, почекај уште барем два дена па повторно го повтори тестот.Од срце ти посакувам да биде позитивен
[/QUOTE] Да мила бев вчера на ехо сеуште е многу мало 6 недела сум сеуште нема срцева реакција треба во петок повторо да одам па ќе видеме како ќе биде здравје.Инаку јас сум добра не чуствувам некоја промена само од време на време што ме стегаат јајниците како за добивање и малаксувам многу.Бактеријата уште ја имам и ми дадоа ампицилин да пијам и едни вагиналети па сега само Гспод да го чува како е он никој не е
Здраво дечки, темава од старт некако ненадежна Божем 10%-15% шанси за успех ама како што гледам овде, куп членови, а само 2-3 бремености од инсеминација. Како и да е, не смееме да губиме надеж, нели, а и мораме да пробаме се’ што можеме... Нас ни закажаа за околу 10ти јануари, чекаме да видиме кога ќе добијам за точен датум. Ќе ни биде прва. Проблеми си има; моите хормони и овулација и мензис се супер ама имам помала матка и само еден канал, а маж ми многу слаб спермограм, само 11% брзо подвижни и огромен процент на сперматозоиди со неправилна градба. Му дадоа витамини и терапија пред месец ипол, па не сме правеле нов спермограм во меѓувреме. Се надевам дека има подобрување, но не очекувам да биде драстично. Да бидам искрена, ич не верувам дека ќе биде со инсеминација, премногу неочекувани разочарувања во изминативе 6-7 месеци за да верувам во нешто вакво, особено со толку ниски проценти. Но како што вели @kukla21, зошто па ние да не влеземе во тој мал процент? Прашањето ми беше друго. Инсеминација ќе правиме во Систина, кај доктор Кузевска. Колку што разбрав @kukla21 вие правите таму? Ме интересираше за спермата, како оди, дали и маж ми треба истиот тој ден да даде, па после инсеминацијата или он порано оди да дава? И дали може евентално да се донесе од дома, он има проблем од стресот и тензијата таму :/ Btw, колку инсеминации правеше ти? Мене докторкава ми препиша само тоа кломифен или како и да се вика и за естроген нешто, зошто хормоните ми се добри ама матката помала отколку што треба. Се надевам дека не се некои тешки хормони, она вика само „блага стимулација“, ептен имам страв од вакви хемии. И ме интересираше дали сите ги примаат тие инекции отпосле или како? Гледам дека некои прават инсеминација и без никакви лекови и хемии?
Маж ти дава материјал 2 саати пред инсеминацијата не верувам дека може од дома најдобро е таму за одма да ја земат,па ја обработуваат и после те викаат тебе.Се прават инсеминации да без никакви лекови ама штом ти дала кломифен значи има проблем во фоликулите не доволно растат,па примаш стоп инекција за да прснат и после 36 часа се прави инсеминацијата после тоа се прима терапија јас примав апчиња,а некои вагиналети до 14 тиот ден кога треба да го направиш тестот до тогаш не треба да добиеш,јас на пример иако примав терапија добив на 10 тиот ден од инсеминацијата ко за чудо.Ти посакувам среќа
На прашањево добив стручен одговор од доктор. Туку, тие што бевте со стимулација со инекции, дали имавте некоја болка од десна страна и дали воопшто ве болеше понекогаш долниот дел од стомакот како за пред добивање?
@kukla21 ме интересира дали имаше некои „несакани“ ефекти од кломифенот и тоа друго што даваат за инсеминација? Инаку не знам што толку се фатив за тебе, цело време тебе ти се обраќам Некако ми фати око со сликичето и со коментарите и се закачив за тебе Мене ми е страв од играње со хормони, не знам зошто толку, да не се поремети нешто отпосле се плашам. Да не ми удри на нешто друго, не знам...
Дaвaaт и инекции пoкрaј клoмифенoт зaвиси кaкo ке реaгирaш нa негo несaкaни ефекти oд ништo немaв јaс
Не мислам на нешто којзнае колку страшно, но да не се пореметува мензис или општо хормоните? Да те удри на јадење или претерана нервоза или на трајни проблеми со менструација или акни или влакна... Не знам, досега немаме примано никакви хормонски терапии.
Мoжнo е мaлo пoреметувaње нa циклус aмa не е стрaшнo се врaкa вo нoрмaлa.бaшкa клoмифен не е јaкa стимулaцијa не верувaм прoблеми oд неa дa имaш
Друго нешто дечки за инсеминација, некој совет, препорака, предупредување? Малку се нервирам што не можам да регулирам исхрана деновиве, ме мава на јадење на нервна база, а сакав периодов малку да го прочистам телото ама ете. Башка празнициве, крш. Дајте уште некои позитивно искуство ако има, да се набилдаме малку
Не знам за другите ама јас имам многу бавен метаболизам особено после инсеминацијата а и можам да кажам дека апетитот ми е зголемен за нијанса, ама мислам дека не е од хормонската стимулација со кломифен и инјекции фостимон, туку повеќе од исчекување и нервоза, покрај тоа што сакам добра храна. На моменти се осеќам како да ќе екслодирам, фустанот не ме собра во пределот кај градите, цело време ми се подуени и болни на допир. Но највеќе ме плаши тоа што осеќам континуирана болка од десната страна на стомакот (при обид за голема нужда), се плашам да не е слепо црево, жолчка или не знам што веќе, ама се надевам дека е само од хормоните, подуеност и мрзлив метаболизам. Значи се си има свои последици, нормално дека ќе ти регира телото на тие стимулации, не за џабе се викаат стимулации, ама кога си решен нешто да правиш ќе одиш до крај и ќе се трудиш да поминеш и низ болка па и низ некој килограм повеќе ако е потребно.
И јас долго време бев подуена. Градите, се дуваа и издувуваа, ама стомакот ми беше бааги надуван. Конечно го нема.
Епа пишува на апчињата дека може да се јави подуеност и задршка на течности. Кај мене ваљда уште е рано, 5ти ден ама апетит си има машала. Ама мислам јадењево и на нервна база дека е.
Јас пустата си имам фобија од дебелеење. Ептен сум гурманче и многу сакам благо, не можам барем без ред чоколадо дневно или нешто друго, а истовремено сакам да изгледам добро, па со години пазам, трчам, пилатес, Водно, точак и држам рамнотежа. Се надевам дека ова, мислам целиов процес не само инсеминациите, нема да ме направи слон зошто тоа бетер ќе ме дотепа. Некое килце плус во граници на нормала не е страшно, ќе ги симнам после ама знам жени и тоа нискички како мене, 160цм, што по 20 кила качувале. А јас башка - ДАЈ БОЖЕ ПРВО ДА ДОЈДЕ ДО БРЕМЕНОСТ - ама после ќе морам да мирувам, нема да смеам активности, дури ни многу пешачење во временост. И тоа ме плаши.