Па.. кај секого е различно.Има доста членки што успеале од прва,има некои што дури 3-4 инсеминации биле неуспешни .. кај секого е различно како и да е секогаш постои шанса,штом веќе толку време се обидувате,преземи нешто мислам дека е време. Ние се обидуваме околу 2 години и гледаме дека нема резултат и почнавме со инсеминации.
Godina i 3 meseci kaj so probuvame nemame nikakof problem se vo red rezultati se vo red ama nema zabremenuvanje
Консултирај се со матичниот гинеколог и ке си почнете со инсеминации. Ти посакувам успех уште при првата.
Имав една неуспешна инсеминација па после тоа останав бремена по природен пат. Нели треба инсеминациите преку еден месец да се прават, епа тој месец чекајќи да ми дојде за да одиме повторно јас сум останала бремена по природен пат. Дај боже сите вака да се израдувате.
Девојки, има ли некоја која направила инсеменација и чека резултати? Наредниот петок ќе биде една недела од инсеменацијата, пуштајте среќа!! Кога најрано сте правеле тест и сте добиле точен позитивен? Знам дека препораките се да не се прави тест пред 14ти ден,но реков да си прашам да не успеала некоја да добие вистински позитивем порано.
На деветиот ден рано наутро ја видов најбледата можна втора линија видлива само на светлината од прозор .Наредното утро - десети ден после инсеминацијата втората линија беше видлива .Со среќа драга
Само да нагласам дека јас примив Стоп инјекција од 5000 единици која се чисти од организмот за 7 дена затоа и тестирав на 9ти ден пд иуи .Доколку е примена Стоп инјекција од 10000 единици треба да се почекаат 14 ддна па да се тестира затоа што е можно да се добие лажно поџитиврн резултат поради Стопот. Исто така линијата од стоп инјекцијата со секој изминат ден бледее (доколку нема бременост) а доколку се затемнува значи има бременост .Јас така се тестирав некочку дена по ред за да се осигурам дека не е од стопот.