Здраво на сите. Денес правам 2 недели откако имав прва инсеминација. Дали можам утре здравје да правам тест со прва мокрача или да го чекам денот на недобивање?
Можеш 15 ти ден веќе можеш, но најсигурен тест ти е преку крв да испиташ. Со среќа. Дај боже II да видиш.
Здраво девојки, пред една недела правев инсеминација , дали некоја имала симтоми отечени гради и жешки? За една недела треба да правам тест, а период за добивање ми е на 01.08 . Искуства ако може некоја да сподели . Фала ви ❤️
Јас правев инсеминација и после некој ден почнаа да ми горат брадавиците, градите ми беа нормални но брадавиците жежеа. Испадна да сум бремена Стискам палци за позитивен тест
Правев тест и излезе негативен. Вчера прокрварев и ми прекина. Дали можно е од утрогестанот да ми биде одложен циклусот или пак да излезе лажно негативен?
Ако сте правеле инсеминација еден ден или на денот на овулација, а како што пресметав денеска веќе се 17 дена , тогаш резултатот од тестот е веродостоен. Ако овулацијата била подоцна, има шанси да е сéуште рано. Инаку да, утрогестанот може да го одложи циклусот.
Јас се обидувам природно и треба да (не) добијам на ист ден како тебе. Влегов во темава да видам симптоми кај други жени. Во градите немам некоја преголема промена ама јајнициве вриштат веќе 3 дена. Тоа што го посакувам за себе ти го посакувам и тебе
Здраво во ГАК , пиев Кломифен само , еве поминаа две недели, направив тест имаше две црти ,но втората беше побледа ќе видиме за некој ден преку крв ❤️❤️
Здраво јас правев прва инсеминација во ГАК после година и нешто пробување да забременам природно, и затоа се одлучив на инсеминација, направив тест позитивен ама сепак чекам потврда и од доктор ☺️
Јас правев инсеминација на ГАК, кај Тофоски. Само пофалби за докторот. Еве не сега, 17та недела, растеме Инаку втората инсеминација беше успешна, стимулирана бев со Кломифен, а после инсеминација ставав Утрогестан и пиев Аспирин 100. Првата ми ја правеше некоја си Анета Сима, поужасен однос у животот никој немал со мене на сета мака таму. Јас не верував воопшто во успешноста на инсеминациите, ги праев ради реда, но на мое големо, прекрасно изненадување, некогаш се успешни. Не губете надеж, ви пуштам среќа на сите!
Здраво другарки денес правев 2ра инсеминација, па имам сеуште болки во стомакот и кај јајниците. Ме интересира дали некоја имала болки после инс.?
Здраво девојки ви посакувам успешни инсеминации на дите што правевте. Ме интересира дали после инсеминација си функциониравте нормално,си одевте на работа и слично? И на која големина ви бил фоликулот пред да примите инекции?
Дента на инсеминацијата бев дома и повеќе одмарав, од наредниот ден најнормално на работа одев. Пази се само да не креваш тешко инаку другото најнормално. Во однос на фоликулите јас имав 3 фоликули два водечки 19 и 20 мм и еден помал на 10 ден од циклус и од дента ми даде докторот да примам инекции. Со лесно и со среќа!
Што ви препишаа да земате после прва инсеминација? лично мене ништо не ми кажаа. 5 дена пиев кломифен по 1 на ден. Денес бевме завршивме и ништо не ми дадоа да пијам. Рекоа само да не кревам тешко првиот ден. И денес утре и задутре да пробуваме пак.