Во одлични раце си, др.Лазаревски е голем стручњак. Главата горе, одмори се и после само напред. Ќе биде
Навистина си во добри раце, и мојата 2ра беше неуспешна, ама еве ајде кај двете да биде 3та срека, и јас сум во систина ❤❤❤
Здраво девојки, да се приклучам и јас во семејството. Јас правев инсеменација пред 5 дена. Докторот рече дека според спермограмот шансите се многу мали. Многу се разочарав уште на старт. Немам никакви симтоми веројатно нема да биде успешна ама тоа е. Посакувам на сите што очекувате позитивни тестови.
Ајде ајде, рано ти е за симптоми немој да се разочаруваш од старт. Едно сперматозоидче треба, може и ќе има успех. Знам дека сте нестрпливи ама мора да поминат 14 дена. Занимавај се со нешто да не се думаш само за тоа и да си бараш симптоми. После 14 дена ќе провериш преку крв тоа е најсигурно и ќе знаеш. Ти ја пуштам цела среќа на светот! Инаку дали пие нешто сопругот за подобрување на спермограмот? Ние бевме исто со лош спермограм плус и кај мене по нешто на првата инсеминација исто ми кажа докторот не се надевај тешко дека ќе имаме успех. И вистина не беше успешна инсеминацијата па наредниот месец останав природно бремена, но мислам дека за тоа мнооооогу придонесе терапијата што ја пиевме двајцата, заради тоа те прашав дали примате терапија?
Па некако кога ми кажа така докторот, уште истиот момент се разочарав и онака скроз ми ја уби и најмалата надеж што ја имав, ама тоа е тоа. Сепак фала за убавите желби ми значи ова што го пиша сепак во право си едно сперматозоидче е потребно. Инаку, не примав никаква терапија ни јас ни сопругот, имаше некои слаби резултати во претходниот спремограм, ама демек можеше со тоа да помине, јас имам еден јајник. Пред 8 месеци правев лапараскопија и хистероскопија, и ни рече да пробуваме сами, ама ништо од тоа не бидна, и сеа на инсеменација ми вика со ваков спермограм само инвитро . Кога го слушнав тоа како што бев свртена наопаку, плафонот мислам врз мене почна да паѓа. И сега одкако се вратив од тој шок малку, си викам зошто не ни дал терапија за машкиот фактор.
Стварно не сум стручна, ти пишувам од моето лично искуство. Нас кога лекарот ни ги виде резултатите веднаш ни препиша терапија и на двајцата и плус сопругот го упати на преглед кај уролог. После месец дена од примање терапија бевме на инсеминација. Е сега секој доктор различно ги води пациентите они се лекари знаат што прават сигурно. Според мене треба да имаш доверба во докторот кој ве води, ако не сте задоволни од моменталниот може и второ мислење да побарате. Секое искуство е различно и тоа што нас ни помогна една терапија не значи дека истата терапија делува кај секого. Пример ќе ти кажам за Овунорм јас имав одлична реакција, додека пак некои феминки прочитав тука што воопшто немаа никаков бенефит од Овунорм. Секое тело различно функционира. Одете со резултатите и кај друг лекар нека ги види нека ви каже мислење. И инвитро да биде ништо страшно, ќе поднесете документи за ваучер. Доколку докторот смета дека нема да има успех со инсеминации џабе да не си го трошите ни времето, а богами ни парите.
Може да споделиш што терапија му препишаа на партнерот за подобрување и кој уролог мицковски или?со лесно
Дај да го видам спермограмот. Јас ќе ти кажам терапија за сопругот. За сите дијагнози напамет ги знам терапиите. Не е кој знае каква шарка Можеш во ЛП да ми го пуштиш спермограмот
Мислам дека еднаш ти одговорив во Спермограм темата. Трибестан 3х1 и профертил м 2х1 беше терапијата, а уролог Др. Даниел Петровски во Систина. Еве и @Bubce38 ти се понудила за помош нека ти сподели искуство. Благодарам, ајде да е враќа за брзо кај сите.
Денес направив бета за мојата втора инсеминација, резултатот е негативен. Дали мислите дека губам време на инсеменација затоа што имаме дијагноза астенозоспермија-слабо подвижни сперматозоиди. Гинекологот вели дека одиме на трета инсеминација.
па зависи и од количината али ако е слаб спермограмот не губиш ништо да поднесе и за ваучер, може ќе ти прифатат со две инсеминации ако е под 4 материјалот.
Koga najmalku ke ocekuvame ke bide, od srce na site vi posakuvam toa sto si posakuvam i za sebe da bide i da imame bebushki ❤
Ништо уредно дека е се и да тера со терапијата што му ја препиша гинекологот. Наодот уролошки му беше уреден.