Ајде ќе биде успешна @Lavica2016 И јас правев па ќе видиме дали ќе се израдувам.Иначе да имав и јас чудно чувство како пецкање кај јајниците. Денес ми е 5 ти ден од инсеминација, и имав слични болки како пред циклус. Незнам дали е нормално а рано ми е за циклус
Инсеминации сум направила 9 две успешно 4та и 6та (ако не ви е јасно за другите 3 за второ ми се) едната бременост неуспешна близначка, втората успешна со бебе од 5год сега некако кога останав бремена ми доби смисла барањето 4инсем. Никогаш не ги правев ради реда, секогаш со добри стимулации и двете бремености беа со дупла доза кломифен 4на ден, следење, мерење, дебелина на ѕид, стоп инекција ставање на полноќ за дс се истемпира таман се.Спермограмот кога фати бебе беше ужас, од мали бројки ама ете. Грчевите наредни 2 дена се нормални ако сте направиле повеќе фоликули пукаат. Симптоми немав никакви, се што е пред 14 ти ден е знак за добивање, после ден на (не) добивање доаѓаат по ред, и остануваат ама ако се за бебушки се трпи. Доцнењето некогаш е заради утрогестанот, а некогаш циклус се добива ко саат точно па дури и порано.Јас сега одам на ивф доста беше инсем за мене. Ви посакувам на сите полни раце набрзо
Мене кога ми ги препиша доктор Поповиќ од Систина ги имаше само во нивната аптека Дона Фарм, мислам беа околу 1200-1300 денари. Ова беше пред една ипол година отприлика.
@Lavica2016 2900 ден е Имприл, 30 таблети. Го има и по други аптеки, исто и од 24аптека може да се нарача.
Здраво девојки , пред еден месец бев во државна за консултација за инсеминации. Упатот беше за кај др Тофоски но ме прими најверојатно сестрата Добринка мислам беше.Бидејки имав менструација ми рече да дојдам на 10ти ден откако ќе ми заврши за да ме прегледа и на 13 ти ден ќе биде инсеминацијата. Сега читам дека ви давале терапија од менструацијата па натаму а мене ништо такво не ми рече.. Дали има некој вакво искуство?
За цената во право сте, се извинувам, ги помешав со други таблети, а јас кога ги купував ги имаше само во аптеката во Систина, сега можеби се веќе достапни и на други локации.
Здраво девојки. И третата инсеминација е негативна. Докторот ми предложи да правам ХСГ, лани направив Hycosy, се беше во ред. Имаме проблем со спермограмот кој е на граница, а беше многу полош. Што предлагаш? На Косово сум, дали мислиш дека треба да побарам да одам на ин витро зошто 2 ипол години нема ништо од бременост а докторот не спомнува.
Има многу такви искуства не се плаши Тоа значи дека ќе ти прават инсеминација на природен циклус ти секако секој месец си имаш по еден водечки фоликул ќе го следат него и кога ќе порасне ќе ти прават инсеминација Јас две направив така
Здраво јас правев индеминација на 11.11 денес ми е 6 ден. До вчера имав мали болки во долниот дел денес имам но чат пат. Другиот четврток треба да правам тест. Но прашањето ми е дали треба да имам знаци на бременост до другиот четврток или не мора да имам никакви симптоми?
Девојки јас ќе правам 4 инсеминација на клиника, бев на 6 ден и ми рекоа да одам на контрола петок ако имам фоликули над 16мм или понеделник.Е сега прашањето ми е дали тоа е контрола или тогаш ќе биде инсеминацијата. Тоа е на 14 ден. Претходните ги правев на приватно и ги правевме на 17-18 ден.
Ако те стимулираат од 2 ден, т.е ако примаш кломифен. Или од 10 ден ако одите на природен циклус. Со среќа.