1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инсеминација

Дискусија во 'Бременост' започната од Maarina, 26 декември 2012.

  1. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    И јас така кога ја пиев првата доза кломифен супер фоликули се нај нај вложив оооогромни надежи и ништо :( е сега со првата инсеминација ќе пробам малку да ја спуштам топката :) да бидам по кул ама познавајќи се тешко дека ќе успеам :lol:
    Тоа е кај нас паровите што е 'се ок' истото прашање е и за инсеминации и за се - зошто не фаќа кога е се во ред? Јас и повеќе од 2 год направив како чекам :sweat: ама кој чека ќе дочека ;) ќе си дојде и нашиот ден :*
     
  2. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    И јас се мислам дали да одам на инсеминација или не :wasntme: пред 9 дена кога добив бев решена 100% да одам на инс. пиев дури и Кломофен, но сега...кога почна да наближува времето за инс. се плашам, многу ми е страв не знам што да направам :worried: како што гледав на нет за инс. нема многу позитивни тестови од прва инс. а и резултатите и процентот за бременост не се баш сјајни ...оффффф лелеее стварно не знам...си велам да почекам уште овој месец, па ако не биди ништо наредниот ке одам сигурно, или па ако е касно тогаш....1000 мисли ми се вртат во глававааа ке :@
     
  3. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    да ти кажам оди, штом имаш пиено кломифен, сигурно имаш повеќе фоликули, оди не губи време, ако фати фати, ако не барем ќе имаш пробано, кај мене не успеа, ама тоа е, ако не одев на инсеминација ќе си викав да одев можеби ќе успееше, сега д-рот рече 1 месец пауза, па пак со кломифен и на 2ра, инаку уште овој месец би правела пак, инаку шансите не се големи, ама мислам дека се поголеми од спонтано забременување, па сега што биде, ... ајде да се надеваме дека кај тебе ќе фати од 1, и пиши каде ќе ја правиш инсеминацијата, на државна клиника, или во приватна и колку пари ќе е, во Ремедика е 8500 прва, со 400 ден инекција за овулација, значи околу 9 000 сега втората незнам колку е, ајде со среќа и пиши ја твојата одлука
     
  4. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    Ништо не губиш за постапка што трае 5 мин, зошто да не :?: нормално и односи тие дена да си се покрие цела овулација и јас одам со резерва точно не се процентите идеални ама онака се зема терапија да не се пропуштат фоликулите. Не те убедувам воопшто сама донеси си одлука само ти кажувам да не му се плашиш :* :*
     
  5. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Претходните три инсеминации бев стимулирана само со кломифен! Првиот пат два фоликули а вториот и третиот само по еден. Оваа инсеминација бев стимулирана со кломифен и инекции мерионал примив 14 и имав 5 големи фоликули и добар ендометриум од 10мм што е многу важно! Инсеминацијата ја направив во петокот на 13 ( катастрофален датум ) ама сепак се надевам на позитивни резултати за две недели. :*
     
  6. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    Не се оптоварувај со датумот батали суеверие туку гледај шо убави фоликули имаш и ендомет. убавини ;) ајде се си е на место :* е сега потешкиот дел чекањето 2 недели ;) :* :* :*
     
  7. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Нема за што да се плашиш Ласица 88.... Воопшто не е страшно. Еве јас ја направив 4 тата инсеминација во петокот, можам да ти кажам дека јас полесно поминувам со инсеминацоја отколку со пап тест. И тоа ти зборувам за мене како личност која што воопшто не поднесува болка. Значи нема што да изгубиш но ако биде успешна имаш МНОГУ да добиеш ... слатко бебенце кое сите премногу го посакуваме. А за процентите на успешност не се замарај секоја жена е различна приказна. Она што сакам да ти кажам е дека СИГУРНО имаш поголеми шанси со инсеминација него природно зашто колку толку има повеќе сперматозоиди кои ќе стигнат до јајце клетката. Немој да се двоумиш. ти посакувам успех како и да одлучиш :*
     
  8. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Οдлучив конечно овој месец нема да правам инс. затоа што се вратив кај старата матична што ми беше порано. Taa e мошне солидна во работата! Си заминав од кај неа заради тоа што плаќав по 500 денари за секој преглед, а одев 1 неделно, и заради спонтаниот си мислев дека од кај неа ми е затоа што таа не е баш многу позната во градов како другите д-ри. Таа се грижи за пациентите, дури и му се јавува на тие што имаат сериозен проблем или ако се бремени да ги праша како се , дали му треба нешто |( Претходниот пат кога останав бремена останав од кај неа (кога го доживеав спонтаниот), си мислев дека од кај неа ми е, но подоцна сватив дека така сакал Господ :| . Таа ми го даде Кломифенот и од прва останав бремена ;) и не пиев ништо, ни прегнил не ми стави. Треба да одам всреда кај неа за мерење на фоликули (ми рече на 13 ден), и да не пијам воопшто ниту утрогестан , дури и ми се развика како до сега сум пиела утрогестан кога не сум била бремена:?!?? Јас ке одам кај неа в среда, и ако успеам овој месец да останам бремена, ке ви кажам која е и од каде е да одите и вие. ;) Сега ке видиме што ке излези Господ на помош да ни е на сите :* :* :*
     
  9. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Марина, а како ти го измерија ендометриумот, и тоа ли е важно? Јас имав 4 големи фоликули со кломифенот, над 20 мм, што д-рот рече дека е сосема добро, ама не успеа инсеминацијата, за вториот пат да знам да обрнеме внимание и на ендометриумот? ајде со среќа, не се замарај што на петок 13 ја направи инсеминацијата, дајбоже да фати овојпат, мене тогаш ми дојде и се разочарав ;( ама се смирив, одиме понатаму, здравје кога треба да биде ќе биде... те чекаме за 2 недели со позитивен резултат, а каде ја правеше инсеминацијата, во која болница, кај кој лекар и по која цена? позз и со среќа
     
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Ендометриумот се гледа на истото ехо како и фоликулите, мислам дека е битно бидејќи д-р Лазаревски го нагласуваше.
    И јас имав инсеминација на петок 13ти, се надевам на успешен резултат :)
     
  11. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Не да е битен.... туку покрај фоликулите ендометриумот е Премногу важен во процесот на забременување! :!: Што ако имаш и 10 фоликули ако ендометриумот е танок.... тоа значи и да дојде до оплодување на јајце клетката бидеќи ендометриумот е премногу танок таа нема да може да се вгнезди! Тој треба да се движи од 7 - 12 мм за да биде се во ред! :!: Добро ти кажале тој се мери при вагинален преглед, ако не ти кажи докторот нешто ти сама прашај го колкава е дебелината! Ако е танок се прима терапија за да се задебели дали прогинова таблети или естрофем ќе одлучи докторот! За следен пат не заборавај да прашаш! позз :*
     
  12. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    фала на одговорот, следниот преглед ке го мерат и ендометриумот, а да пијам фолна киселина уште? 3 месеци ја пијам сега незнам пишува се пие 4,но ако не останам бремена? Вие пиете?
     
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Да, нема штета од фолната киселина
     
  14. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka nema da ti steti ako ja pies i ponatamu . Jas ja pijam skoro edna godina ama ne bas redovno . Taka da pijajsi slobodno, izvinete za latinicacta pisam od mob pozz
     
  15. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    Maarina една кнсултација вчера на 9ти ден имав убави филикули ;) следно одам во втроник вечер пак на ехо и да ми стави прегнил па ми рече инсеминација четврток сабајле. Тоа се 35 -36 саати поминати од прегнилот :?: тебе после колку време ти ги правеа? :*
     
  16. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Срцка таа проценка за примањето на Прегнилот ја прави докторот што те води! Еве конкретно за мене.... сите четири инсеминации ми паѓаа во петок, за првата и третата инсеминација Прегнилот го примав во четвртокот сабајлето кај 8часот а инсеминацијата ми беше наредниот ден - петокот после пладне кај 14 или 15 часот! А втората и четвртата инсеминација Прегнилот го примав во средата вечерта околу 20 - 21часот а инсеминацијата вториот ден - петокот пред пладне околу 10часот!
    Затоа ти викам према фоликулите одлучува докторот кога е најдобро да ја примиш... ама немој да се замараш со тие работи биди опуштена, мисли позитивно и се ќе биди во ред :*
    Иначе кај мене беше неуспешна инсеминацијата па сега со нови сили одиме понатаму :!:
     
  17. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    Да да знам дека фолекулите одлучуваат кога прегнилот ама за саатите помеѓу инекцијата и инсеминацијата ме интересираше, фала :*
    Среќно и тебе читај странски сајтови прават по 6-8 годишно инсеминации и имаат успех ;)
     
    На Maarina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srcinko

    srcinko Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    здр на сите сакам со вас да го споделам моето искуство да првата инцеминација. Првата ја правев на 11.09. 2013 пиев кломифен по едно на ден од 5 ден на петиот ден паралелна земав инекција фостимон 6 инекции на седмиот ден ја примав инекцијата стоп незнам како се викаше и послем еден ден направив инсеминација првата недела ништо втората недела имав малку болки и на 14 ден го направив тестот преку крв излезе позитивен бев најсрекна . но се за кратко отидов на контрола во систина каде што ја правев инсиминацијата послем една недела откако го направив тестот и докрорката не виде плот виде нешто во матката но рече тоа не е гаранција и ми рече повторно да направам тес преку крвта каде што искочи хормонот 1100 но пак не го виде плодот јас почнав да краварам први кафен исцедок послем помешано со крв докторката ми рече дека е вонматерично гледаше и надвор од матката но не виде . послем 4 дена го направив тестот преку крв пак и хормонот беше се намалил на 400 и докторката наводно ми кажа дека плодот од само себе се уништил дела бил во каналот на јаникот и дека каналот бил проширан а плот повторно не виде. Да ја прекинам тарапијата и ке почнам да краварам и така се случи. утре ке одам на комтрола за да видам што се случило дали некој има вакво искуство јас немам никаква болка како што пишуваат за вонматерично дали треба послем ова да паузирам или да направам уште една инсеминација поззз на сите убав ден ;( ;( ;(
     
  19. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Srcinko, баш ми е жал, ајде си останала еднаш, ќе останеш пак! Мислам дека треба да направиш пауза, барем1 месец, да ти се обнови организмот, може и неколку, консултирај се со гинекологот... а зошто ги примаше инекциите фостимон? ЈАс правев прва неуспешна инсеминација во Ремедика, само со кломифен, не примав фостимон, ама имав добри 4 големи фоликули, ендометриумот се беше како што треба, но ништо... после тоа паузирав 1 месец, и пак пијам кломифен, и сега во четврток треба да одам да видат колку фоликули имам и дали се големи, и за понеделник здравје закажавме 2ра инсеминација, повторно таму.. незнам кои се шансите, ама за инвитро се потребни 4 неуспешни, така да што се мора се мора...
     
  20. srcinko

    srcinko Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    здраво volsebna фостимон примав затоа што првин пробував со кломифен но без инсеминација прво пиев по еден па по два па по три и ме следеше гинеколог кога пиев по еден таму не се секавам дали ПЕТ дена немаше резултати, па по две имаше но мали, па по три имаше но не правев инсеминација природно чекавме да пукне таа ми одредуваше но бидејки беше не успешно решив да пробам со инсеминација и ја правев во СИСТИНА па прво па мушко имав многу фолекули ама за жал не испадна така како што треба . но во сета несреќа имав и среќа денеска бев на контрола и веќе се почнува да се стабилизита среќа што плодот сам од себе се уништи и немаше никаква интервенција што читав за вонматерично страшно јас за среќа добро минав и не посакувам на никој да се случи нешто страшно.... . за пауза да и докторката ми кажа дека сега се дочистувам бидејки сеуште крварам и јаниците да ми се средат ќе почекам да ми дојде и наредниот месец па видеме дали се е во ред па послем со госпот напред што ке биде ќе биде нема откажување . на тебе ти посакувам со среќа ти ја пуштам целата моја срека да се израдуваш со ова втора да си видеш две црти и да имаш здрава и најубава бебушка, и да се трудиш да се чуваш повеќе да си лешкараш и по опуштена да бидеш, Јас ти кажувам немав никаква надеш дека ке биде нешто и кревав и бев многу напната и биде што биде назат нема но од две зло помалото е секогаш подобро УШТЕ ЕДНАШ ТИ ЈА ПУШТАМ ЦЕЛАТА МОЈА СРЕЌА ПА ДА МЕ ИЗРАДУВАШ ПОЗЗ