Probajte so Spermotrend,doktorkata ni kaza Po 3 kapsuli na den ,nekade okolu 1800 den 60 kapsuli od zegin
Здраво девојки. Сакам да прашам ако некоја знае да ми каже.Утре ми е 16 ден од инсеминацијата и ќе правам утре тест. А на извештајот ми пишува да направам тест и контрола. И пишав на сестрата, но не ми врати. Ако не ми е успешна ќе може да отидам кој било ден за да ми дадат извештај дека не ми е успешна?
Направи си тест и ако ти е успешна јави се ќе ти закажат преглед. Извештај дека не е успешна не даваат.
Денес правев втора инсеминација ако може консултација за примерокот на сопругот рекоа дека е одличен, само ме буни следново: на првата инсеминација на Гак ми пишаа во извештајот дека примерокот е 22 милиони, а сега на приватно правев и еве го резултатот после обработка Тоа што ме буни е како може толкава разлика, 22милиони а сега бројкава е 146 милиони?? Или јас нешто не тумачам како што треба?
Девојки,има ли скоро некоја од вас правено инсеминација во Систина и колку ве чинеше се вкупно со лекови?
Дупло повеќе од една друга членка шо пиша претходно Кои лекови ги примаше и дали рефундираат нешто од фондот?
Или три пати повеќе од new born таму е 12000 се зависи од терапијата и вашите причини за неуспешно природно зачнување
Дали освен со Кломифен, сте стимулирале овулација со нешто друго? Јас трета овулација стимулирам со кломифен и како да помага кломифенот повеќе.
Првиот преглед 3706 ден + инсеминацијата 14000 ден. Примав кломифен, естрофем, инекции гонал, стоп инекција, потоа кринон гел, кардиопирин и премама и плус витамини. Инаку дијагнозата ми е еден запушен канал , др проблем немам. А за рефундирање не знам, не ми е познато.
Фала ти,ти посакувам позитивен резултат Некоја сестра по еден јајцевод и ПЦО чија инсеминација била успешна? Да ме утеши/мотивира
Еднаш со кломифен и сега последно со летразол. Со двете стимулации имав по 3 фоликули, само со кломифен ми се направија цисти а летразол ќе видиме, докторот рече дека не прави цисти.