Ne nee, edno se pravi i toa vazi za stalno. Kaj mene Edniot kanal ne bese prooden so prvoto pa doktorot se somnevase . Napraviv uste edno i se bese vo red.
Јас користев фолиномел, мене мислам дека ми помогна испив две кутии и останав трудна, јас имам полицистични јајници и не ми доаѓа редовно и не осеќав овулација , ама овие два месеца осеќав баш кога ми беше, фолиномелот во соствоат содржи миоинозитол, мелатонин и фолна , тоа се слични состојки како што содржат и овунормот и еловата за подобрување на јајце клетките. пс од него се спие така добро
Да, кај секого различно е, ете тебе ти помогнало, јас немам полицистични и редовно имам циклус освен сега што ми касни, и 2-3 пати одамна, го земав превентивно, сега пијам Елова по препорака од ендокринолог, подобри ми се тие. Секој нека проба фолиномел, нема штета, може ќе им помогне, секој има различен организам.
Да исто кога ги пиев кломифен но кај мене не даваат некои добри резултати.....имав слаби фолекули..после почнав со бемфола инекциите и имав големи фолекули на двата јајника по 20 мм по 4 фолекули додека со кломифрн имав само на дрсниот јајник...скапи се ама ефикасни
А мене докторката плус ми препиша и мериоферт? Земал некој кломифен и мериоферт инекции? Многу скапи испаднаа
Јас во шемата за ивф од Др Ивановски боцкав мериоферт и земав кломифен. Една беше 1514денари,сега не знам колку се.
Толку и јас ги платив, 5 купив па ќе видиме на ехо на 11ти ден како ќе биде, дали ќе продолжам да се боцкам или не.
И за хепатит и хив ова важи? И ако може да ми кажете дали е временски ограничено да одиш да дадеш крв?
Ми кажаа до 11 земале крв, ама најдобро во 8 да дојдам за да ми ги дадат резултатите истиот ден. Да, комплет прават, им кажав за ваучер ми треба и ми кажаа дека го признавале и во странство. Јави се и прашај најдобро, може и поручек да земаат крв, ама резултатите сигурно другиот ден.
Дали бараше докторот контролен спермограм од кај нив да направите пред инсеминацијата и дали и тоа спаѓа во цената?