Да домашен негативен, па не издржав ете и направив. Утре ми е 14 ден од инсеминација, а Сабота веќе треба да ми дојде. Симптоми скоро и да немам (благи грчеви во стомакот пред некој ден), ме болеа градите премногу сеа само многу малце на допир, но така ми е БУКВАЛНО секој циклус пред добивање. Единствено различно е што ме боли долниот дел на грбот над опашката, ама можеби е мускулно затоа што ми е сменет лежајот овие 2 недели.
Дали кринон гелот предизвикува менструални болки и болни потечени гради и болни и осетливи брадавици? Пред 11 дена направена инсеминација на стимулиран циклус, а 4-5 дена ги осеќам наведениве симптоми. Моментално сум на кринон гел, естрофем 3*4, метилирана фолна, метилколабамин, аспирин и овунорм Доколку некоја има користено кринон гел ве молам да споделите искуства
Не може, од кринон гелот да ти бидат овие симтоми. Јас го ставав до 12г.н. Дај боже симптомите да ти укажуваат на позитивен тест.
Кај никој посебно, два пати се погоди една млада докторка таму, таа ми правеше инсеминација. Јас на Гак одам само дента на инсеминација бидејќи не сум од Ск. Се друго претходно одам кај матичниот. Инаку и третава неуспешна.
Мене ми дадоа упат на ендокринологија без никаков проблем, пред неколку месеци дури они сами ми кажаа да испитам, али јас тогаш не бев, сега барав сама. А матичната беше исто со таков став, зачудена беше кога и ги однесов резултатите, зошто ми дале да испитам кога немам абортус. Барај си упат, многу е скапо на приватно околу 22.000 ден
Јас сега трева да проверам кариотип меѓутоа на гак до декември нема термин а на приватно во систина 9000 ден
Мене не ми е јасно зошто бараат кариотип, кога нема терапија за тоа? Незнам, можеби ќе ви звучи смешно, ама стварно не разбирам.
Навистина не ми е јасно ни мене се спремам за трета инсеминација и докторот рече доколку биде и оваа неуспешна одиме инвитро и за тогаш кариотип од двата партнера
Тоа е ок да се направи, ама кога нема терапија за тоа, незнам. Јас директно ин-витро. А генетски мутации правеше?
Јас минатиот месец проверував и немав проблем за термин 1 недела само што резултатите ги чекаш 10 дена