Од фуфка ли бе ццц.. Што е со докториве. Исто матичнава лом ме направи што сум испитувала, кога немам абортуси. После три спонтани предлагале да се испитуваат мутации и како клексани било помодарство
Да и мене ми го рекоа истото, три повторувачки абортуси па се правеле детални испитувања…немам коментар. Па нормално дека ми фуфка и дека сакам се’ да биде испитано што е од моја страна…
Батали го Димитров и мене ме изнервира. Отидов кај него со проблем дека не настанува бременост, да ги разгледа резултатите и да ми каже што предлага. Ич не се замараше виде два резултати и толку. Му го дадов и кариотипот и ми го фрли ми вика ти на почеток си кариотип се прави после 3 неуспешни инвитра и си отиде од канцеларија кај друга пациентка. Ептен се изнервирав како сум на почеток кога 3 години поминале? Како може така да збори и размислува? Поарно сега да се направат сите испитувања и да се реши проблемот откако да си праиме инвитра и пари да фрламе
Димиторв е експерт за интервенции, а за идиопатска неплодност (како во нашиот случај) нема поима. Мене само ми креваше рамења дека се’ е во ред и дека нема што да направи.
Добар ден ве молам за совет..во септември направив трета неуспешна инсеминација...всушност првата успешна заврши биохемиска...сега на 10ти октомври бета негативна....се спремам за инвитро но еве циклусот 5 дена ми го нема ги пијам профертил.....дали е могуќе да е од таблетите или пак некое чудо
Обично после 14 ден од инсеминсција можеш да направиш тест. Или рачунај си, кога треба да добиеш? Наредниот ден ако ти доцни можеш дома преку урина да направиш тест.
Прв пат на оваа тема, после 1 година операции и хормонски проблеми, конечно се во ред Докторот ми кажа само на 10 ден од циклус ако добијам да одам да се договориме за инсеминација ❓Прашање ми е дали пред инсеминација имате пиено некој лекови ❓ се плашам касно да не ми кажа да одам да не треба порано
Јас сум сега пред втора инсеминација и пијам кломифен и естрофем и на 11ти ден од циклус треба да одам на УВ пред да ми ја даде стоп инекцијата. Најверојатно, сака да пробате без стимулација овој пат, по мое
Јас правев 4 инсеминации од кои последната успешна и тоа без никаква стимулација и без стоп инекција. Само првата ми беше со стимулација и после ми рече нема потреба има доволно јајце клетки така да не мора да значи да мора терапија.
Пет инсеминсции имам направено, единствено кломифен пиев за две инсеминации, од трет ден од циклус. Непосредно пред инсеминација ништо. За три примав стоп инекција, ама тоа на десетиот ден кога ќе отидеш ќе ти кажат дали треба. Витамините што си ги пиеш редовно и плус омега 3 мене ми вметнаа да пијам.
Jas pravev dve inseminacii, dvete na spontan ciklus, ednata so stop inekcija drugata bez nisto. Posle dvete inseminacii dobroston, aspirin protekt i standard vitamini so si pies.