Јас сум со истите втора инсеминација. Првата беше неуспешна, втората ја правев во петокот. Реагираа позитивно(фоликулите растеа доволно) , првата инсеминација имав 1 фоликул,сега 2.
Ajde zaedno ke broime jas na priroden ciklus ja napraviv primiv samo stop inekcija. Sega piam dabrostom i metalirana folna. Na mene mi e cetvrta.
А јас пијам премама, естрофем,бедоксин и аспирин (имав трнење на левата рака од естрофемот) , фолна, овунорм,метформин,трицеф антибиотик и кринон вагинален гел.
2 дена на Гонал ф 75 и наод денеска катастрофа. Сега др ми препиша Гонал Ф од 150 дневно . Искуство со него? Растат ли фоликули? Пошо на Кломифен и Естрофем како да сум резистентна.
Јас со Кломифен и Летразол немав резултат, примав Гонал само не ми текнува од колку беа. Инаку ги пуштав 10 дена, па правев инсеминација и беше успешна.
Zosto katastrofa? Nemate folikuli? Kaj koj doktor si ako ne e tajna…i jas na klomifen sum bila uvek rezistentna no ima toa i prodolzeno dejstvo da znaes
Здраво на сите. Прва инсеминација ќе правиме здравје на ГАК. Дали може некој да ми каже цена од прилика колку фаќа се и искуство. Ви благодарам однапред за одговорот
На гак плаќаш само 900 ден. Ќе се договориш кој ден од циклус да појдеш за фоликулометрија и понатаму ќе те упатат кога да појдете со партнерот. Брзо се завршува на денот на инсеминација, по аплицирање на материјалот те оставаат да полежиш 20тина минути и си одиш.
Јас мерев фоликули кај матична. Последното мерење имав водечки 21 мм и позитивен тест за овулација што значеше дека следниот ден овулирам. Матичната ми даде упат за гак за инсеминација , отидов со сопругот, остави тој примерок, мене ми отворија историја. Чекавме 2 часа за обработка и после ми направија инсеминација, тотално безболно и полежав 15-20 минути. За сопругот бараа сида/ хепатит негативен тест и ни кажаа таму дека истиот ни важи 6 месеци. За инсеминација на гак не ми наплатија ништо. Единствено си ги плаќав мерењата кај матичната и сида тестот. Искуство - супер, фини, културни, брзи вработени. Се зачудив, ко друг свет, а сепак во државна
Се плаќа на гак штом имаш отворено историја. Појди и побарај си ја. Јас прашав за веднаш мислев се плаќа, ама ми рекоа дека е рано сега, понатаму… Не сум била сеуште, ама од искуство каде не треба што викаа или рано е, ми дојде писмо за пред извршител ако не платам.
Фала ти многу на инфо. Во четвртокот правев првпат инсеминација. Да одам да побарам инфо за плаќање утре или да почекам ако не е успешна на втора? На маж ми на шалтер му рекле не треба ништо. Недај боже до извршител да дојдеме за банални работи вакви.
Девојки,има ли некоја од вас правено инсеминација на 17ти ден од циклус? Сега бев на преглед на 13ти ден,докторот рече дека се добри фоликулите,на десната страна кај што нема јајцевод биле поголеми за разлика од левата кај што имам јајцевод ама немало врска големината,битен бил квалитетот и рече ќе правиме касна инсеминација во петок а до тогаш да продолжам со Гонал и Естрофем и да примам Овитрел.
Инсеминацијта се прави во овулација, кај некои жени е порано кај некои покасно, затоа се прави фоликуметрија. Јас овој месев правев на 19ти ден од циклус. Секој месец ми е различно (некад на 17ти ден, некад на 20ти) бидејќи циклусот ми варира меѓу 29-35 дена.