Аииии , кај мене помина повеќе од тоа. Ќе се прошетам до гак деновиве од сабајле. На шалтер доле тоа да барам?
Здраво девојки. Сакам да прашам дали некој има примано инекции за стимулација за инсеминација ? Gonal F примам, 37.5. Почнав на 3ти ден да се боцкам, ми рекоа да примам 6 па да одам на контрола. Дали тоа значи дека можеби ќе ми ги продолжат или не ? Дали има некоја нуспојава од нив ?
Јас ги користам веќе 2 инсеминации.Првиот пат ги користев 75 од 7ден и ми ги даде прво за 3 дена до првото ехо на 11ти ден од циклус,па ми ги продолжи уште 4 дена, а втората инсеминација исто од 7 ден исто 75 3 дена,после уште 5 дена пенкалото (3дена по 75 и 2 дена по 100 ). Кај мене нус појави немаше. Во зависност од големината на фоликулите, докторот може да ти ги продолжи или да ги зголеми во количината.
Јас моментално се спремам за инсеминација со нив. Примав 2 дена Гонал Ф 75,па на ехо наодот не беше задоволителен и продолжив уште 6 дена дупла доза Гонал ф 150 дневно. Да не е за подрек,нус појави сега за сега немам.
Јас забележав некои модрички, 2-3 ама не знам дали ми се од сега или од претходно, па затоа прашав за нус појави. Како боцкате со пенкалото ? Јас до сега само 4 пати во нога од надворешна страна ( ми рекоа може во нозе или стомак ), рамно во агол од 90 степени. Последниот пат најверојатно погодивме некоја вена и ми протече цела линија крв. Не знам дали правам нешто погрешно. Се боцкам навечер во 23 часот, затоа што сопругот е до 22 часот на работа.
Јас се боцкав во стомак, па после докторот ми рече да се боцкам во раката (кај рамото). Пенкалото го користев во раката, од овитрелот имав малку пецкање по боцкањето околу 10тина минути. Модринки може да се појават. Мене ме боцкаше медицинска сестра и ми кажа дека е можно но не е страшно. Исто се боцкав на 90 степени. Мислам дека во стомакот е подобро.Исто ги менував страните.
Јас само во стомак се боцкам,лево и десно од папок,под него и немам модринки. Ако сметаш дека може да утнеш,боцкај се само во стомак.
Девојки,14ти ден од циклус ми е а инсеминацијата е закажана сега во петок. Од сабајле сум со болка во половината и чувство на подуеност како пред циклус. Можно ли е да е од Гоналот? Страв ми е да не имаат порано прснато фоликулите па за џабе инсеминацијата.
Модринките не ми се на местата кај што сум боцкана, туку на други места по нозете. Затоа мислев да не имаат некој нус ефект, затоа што не знам дали ми се од претходно или од сега. Вечер ќе пробам во стомак.
Најверојатно не е ништо сериозно, да се надеваме. Ќе помине и ова. Инаку ти го видов погоре мислењето и не ми е јасно како само туку така ти закажале инсеминација, а не ги пратат фолекулите секојдневно на ултразвук. Јас сум си по природа паничарка и би отишла на ехо да ме видат, чисто ради сигурност и да не се пропушти месецот.
Пиеш естрофем ? Мене ми кажаа дека естрофемот дуе, исто беше и кај мене само без болки во половината.
Да,пијам. Абе не знам и ние шо очекуваме,знаеме дека се пукаме со хормони и сакаме се да ни биде на број
Јас за време од инсеминацијата до тестот пијам 2х2 естрофем и затоа знам дека е од него зошто се распрашав Ама подуеноста не е ништо колку што е желбата за две цртки
Девојки,уште 2 прашања во врска со инсеминацијата и не ве замарам Многу често и обилно мокрам,не е настинка,можно ли е да е од хормоните? И второто е како е препораката за односи пред инсеминација? Треба ли да се апстинира со цел да биде подобра спермата или да имаме односи секој ден пред инсеминација? Заборавив да го прашам докторот
Апстинација 3 до 5 дена. Бидејќи пред самата процедура ги двојат сперматозоидите. За мокрењето не би знаела, може да е прелада, од ладно или ладни нозе јас на пример мн мокрам. Хормоните ти се во ред штом идеш н постапка за инсеменација.
Сега приметив шо си пишала дека во 23 ч ги примаш. Мене сестрата ми рече до 19:30 најкасно да ми е примена Гонал Ф. Да не те секирам ама ај пак прашај си консултирај се со доктор.