Има ли некоја позитивно искуство со инсеминација на ГАК од Др.Калчовски, да останала бремена и после колку обиди?
Требаше јас два пати кај него, но не беше тука. Првиот пат на одмор, вториот на операција. Имсеменацијата е вбризгување на преработен материјал од спермата, така што не е битно кој ја направил, начинот е еден и сите го прават тоа на еден начин. Поназад пишав што коментар имаше од др и сестрата што беа. Биди само позитивна. Едно нешто во глава ми е што ми го кажа матичната и сакам и вие да си го имате на ум. Во 21 век со напредна медицина, не постои жена што не останала бремена. Ова си го повторувам секој ден. Надеж не се губи. Решение има за се.
Здраво љубовчиња мои... идни мамички ... јас утре ја примам стоп инекцијата и во вторник Систина... ве читам и некако мидлите ми се поделија ... има доста позитивно но и негативни искуства... верувам дека ако не овој пат некој нареден ќе ни се оствари желбата...сакам да ве прашам после инсеминацијата дали треба и кога треба да имаме односи? Еве сега се празници дали може да патуваме пред да го дознаеме резултатот... дали смееме да наздравиме со чаша врно вино или некој друг жесток пијалок? Со лесно на сите
После инсеменација односи секој ден, па дури и два пати ако сакате. И ќе си тераш нормално да фукционираш. Јас , а ти давам топол совет да не дигаш тешко, да не претеруваш со алхол. Една до две чаши мислам дека не е ништо трагично и страшно. Зошто да би патувале? Жени што незнаат дека се бремени до 5-6 неделс патуваат без проблем. Имсеменацијата не е процес како ин витро , каде и самата постапка е многууу поинаква. Инсеменација е процес каде од спермата е издвоено тоа што треба и место маж со шприц вбризгуваати е исто како да си имал односи. А ин витрото е процес каде се вбризгуваат ,, насилно” во матката оплодена јајце клетка и треба да се одмара повеќе и да се внимава со цел нашиот организам т.е матка ја прифати опл.јајце клет. Бар така јас размислувам….
Фала ти најмногу Некако на почетокот докторот ми влеа многу надеж ... (д-р Лазаревски) јас бев решена одма за ин витро он инсистираше инсеминација бидејќи се беше како што треба (од спермограм, хормонски статус, проодност на каналите) а бебе нема а сега кога идам на преглед не ми збори што и како гледа ... ве читам големина на фоликули јас појма немам колку ми е ... од една страна подобро од друга па сакам да знам фала многу за советот ...ви го пишувам исходот каков ќе биде
Он сигурно гледа добри фолекули. И според вашите резултати што се добри, несака веднаш да ве стави на терапија за ин витро. Зошто сепак е процедура. Ти пуштам среќа
Јас имам искуство со Др.Калчовски за лапаро и хисетеео. Како доктор можам да кажам врв. Смирен,нема напнатост,реален. Мене ептен впечаток ми остави.
Е да, покомплицирано е со ивф, денес имав пункција, и ми кажаа односи да немаме до ет ако има дај Боже, потоа ќе ми кажат. За пиење и онака не смеам поради терапија, Нова година со вода, сок ретко пијам, ај да биде само, па потоа ќе надокнадиме за се.
Да биде само парите се печалат .. да има кој да ни ги троши... мене ми е прва инсеминација ... и некако и ме фаќа страв... и од друга страна премногу го сакам тоа чудо ... сакам да успее ... иако читам скоро секоја прва инсеминација е без позитивен резултат ама здравје ... чуда се случуваат
Се случуваат чуда, да знаеш. Нема што да те фаќа страв, мене страв ми е само од неуспешно, инаку сите болки ќе ги издржам. А инсеминација не сум правела, ама колку што имам читано била безболна.
Скроз безболна. Ова ви го кажува особа што има толеранција 0 на болка. Толку е кратка процедурата, лежите 20 мин и си идете.