Денес ми е 13ти ден од инсеминација. Конечно ќе направам тест после работа, не можам да чекам веќе. Од симптоми имам болни гради на допир, кафеав исцедок сабајлево и се плашам да не добијам. Термин за недобивање ми е за два дена.
Направив селф клиар и ливсане двата негативни. Сабајле ќе правам лабоквик, па следна опција ќе ми биде преку крв. Градите премногу ме болат, не знам веќе што да мислам.
Најефрина опција и најточна ти е преку крв ... иди до кај матичната ќе ти даде упат за Synlab и за 100 ден ќе го знаеш резултатот
Здраво Девојки Денес ја направив втората инсеминација имав фоликул 22мм ендометриумот 12 примив ovitrelle пред инсеминацијата три часа И за дома ми даде Crinone gel 80mg Вагинален гел
Јас сега добив и пријавувам неуспешна прва инсеминација. Се разочарав, ама тоа е, идеме понатаму. Дали имате испитано амн, витамин Д, торч? Читав тука за сите овие, па дали мислите дека треба да ги проверам? Да не пропуштам нешто важно што треба да биде испитано.
Ако немаш испитано оваријалната резерва испитај, препорачливо е да си имаш на увид за да си знаеш колку да внимаваш со стимулации за инсеминациите.
Ништо страшно... јас си плачев ама со плачење ништо не се решава... си отидов кај докторот и си закажав преглед... идам на втора едно по друго... и секој месец така додека не ги исполнам условите за ваучер ... решена сум дека 2024 е моја година и дека ќе ми се исполни најголемата желба ❤️ глава горе лепотице ... на сите да ни беше клатко и слатко немаше да постои форумов
Така е! Ти посакувам да ти се оствари желбата А нели треба месец пауза па тогаш друга? Мене така ми кажаа. А за ваучер не ми е јасно баш, ако сакаш може и во приватна порака да ми објасниш. Убав ден