1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инсеминација

Дискусија во 'Бременост' започната од Maarina, 26 декември 2012.

  1. srcinko

    srcinko Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    здраво volsebna фостимон примав затоа што првин пробував со кломифен но без инсеминација прво пиев по еден па по два па по три и ме следеше гинеколог кога пиев по еден таму не се секавам дали ПЕТ дена немаше резултати, па по две имаше но мали, па по три имаше но не правев инсеминација природно чекавме да пукне таа ми одредуваше но бидејки беше не успешно решив да пробам со инсеминација и ја правев во СИСТИНА па прво па мушко имав многу фолекули ама за жал не испадна така како што треба . но во сета несреќа имав и среќа денеска бев на контрола и веќе се почнува да се стабилизита среќа што плодот сам од себе се уништи и немаше никаква интервенција што читав за вонматерично страшно јас за среќа добро минав и не посакувам на никој да се случи нешто страшно.... . за пауза да и докторката ми кажа дека сега се дочистувам бидејки сеуште крварам и јаниците да ми се средат ќе почекам да ми дојде и наредниот месец па видеме дали се е во ред па послем со госпот напред што ке биде ќе биде нема откажување . на тебе ти посакувам со среќа ти ја пуштам целата моја срека да се израдуваш со ова втора да си видеш две црти и да имаш здрава и најубава бебушка, и да се трудиш да се чуваш повеќе да си лешкараш и по опуштена да бидеш, Јас ти кажувам немав никаква надеш дека ке биде нешто и кревав и бев многу напната и биде што биде назат нема но од две зло помалото е секогаш подобро УШТЕ ЕДНАШ ТИ ЈА ПУШТАМ ЦЕЛАТА МОЈА СРЕЌА ПА ДА МЕ ИЗРАДУВАШ ПОЗЗ
     
    На volsebna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    volsebna те молам кажи ми докторот ти предложи пауза со кломифенот?? Вака јас пиев во септември и почетокот на Октомври направив инсеминација која гарант е неуспешна ги имам сите симптоми за добивање утре :( Е сега прашањето ми е ако решам инсеминација да правам преку еден месец тој месец измеѓу и со кломифен да паузирам?? :?: па пак нареден кога ќе правам инсем или...?Некои велат треба континуирано 3 месеци некои не. Ќе се консултирам со д-р ама чекам да добијам :*
    п.с Фостимон се дава плус кломифен ако нема добра реакција на кломифенот ;)
    Srcinko ако е за утеха а кога е тешко знам не гледаме на позитивните работи- ама барем фатило нареден пат верувај ќе си држиш бебенце :* Јас пробував да не се надевам дека од 1ва инсем ќе фати ама ете пак се разочарав :( кога е се во ред уфффф само си се прашувам зошто :?:
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Јас овој месец не земав кломифен, ама докторот ми рече да не правиме пауза, бидејќи уште има дејство од терапијата, па да пробаме таман сега со фоликул на другиот јајник.
    Е сега, работата е што јас не одам преку фондот, туку приватно ги терам процедурите, па исклучиво ги следам препораките од докторот. Ако добро го разбрав, преку фондот мислам дека бараат пауза од месец дена меѓу инсеминации, ама не ме фаќај за збор.
    Мене вчера кога ме гледаше рече дека имам надежна фоликула од 19мм, и синоќа ми ставија инекција Хоримион, па се надевам дека овулацијата утре ќе биде (а и дека чувството дека ми е денес се само мои филмови во главата) :)
     
  4. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Значи два месеци по ред ги правиш, првиот месец пиеше кломифен, вториот не? дали убаво разбрав? :lol:
    Си викам ако дојде до ИВФ барем нека се бројат преку еден месец, туку не ми е за инсем. незнам со кломифенот што да правам д-р не можам да го најдам 2 дена звонам во ординација.Дали да го пијам и овој месец кога ќе скокам инсеминација :?: викаат убаво е континуирано 3месеци, други викаат не, јас иначе правам и сама овулација некогаш со убав фоликул 19мм без стимулација ;)
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Да, во септември со кломифен (мала доза), а сега на природен циклус без стимулација. Ќе видиме... Докторот е оптимист дека нема да имаме потреба за ИВФ туку вака ќе успееме, јас не знам што да мислам. Минатиот месец и самата си бев убедена дека нема да успее, сега сум некако поопуштена.
     
  6. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    И јас се надевам ќе фати со инсеминациите ;) ти посакувам втората да е последна, опуштено утре со убави мисли, јас попладне закажав консулатации да видам што ќе правам месецов :*
     
  7. srcinko

    srcinko Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    види volsebna јас кога пиев кломифен одев кај гинеко др Билјана го пиев само него и паралелно три месеци како што ти кажав едниот месец по едно, па по две, па по три ... но бидејки и едометриумот ми беше тенок пиев и цикло-прогинова само белите ама не правев инсеминација; никакви инекции, др Билјана ме следеше и ми одредуваше кога се плодни денови не примав инекција за пукање на јацеклетката ја чекавме сама да пукне,но бидејки немаше успех ме прати кај др КЛЕМЕНТИНА КУЗЕВСКА каде ја направив првата инсеминација и бидејки заврши со вонматерично и уште се чистам затоа мора да направам пауза за да си дојде на место и матката и јаникот и каналите :sweat: а за првата инсеминација пиев по еден кломифен пет дена и 6 инекции . фала на подршката и утехата ако те интересира нешто прашај. ајде со среќа кај тебе дај боже да ти биде се како што сакаш :*
     
  8. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Јас само што се вратив од гин. месецов не пијам кломифен ќе видиме дали сама ќе направам нешто ;) т.е со мм :lol: ако е се ок ќе одам на инсеминација на моја овулација.Понатаму Боже здравје ќе видиме, не ми бега кломифенот. Се знае тоа е- трпение, да се надеваме една од инсеминациите ќе успее ако не тогаш ---ИВФ ;) сменав д-р ми влева надеж новиов :lol: Со позитивни мисли ви испраќам на сите baby dust :*
     
  9. srcinko

    srcinko Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    :* Wanna. само позитивно и отпуштено ние сме со тебе и чекаме убави вести :) со среќа
     
    На Wanna.be.mum му/ѝ се допаѓа ова.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Јас одам сега, па пуштете ми среќа :)
     
    На elena.mak и Moira им се допаѓа ова.
  11. srcinko

    srcinko Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    So sreka ti ja pustame celata nasa sreka :* :* pozitivno otpusteno :D I da se izraduvas poslem15 Dena so pozitivno :) Neka Gospot e so vas :?: :?:
     
  12. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Среќнооооо :inlove: и опуштено :sun: :sun: :sun:
     
  13. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    darcy, ja имаш целата наша среќа, дај боже само со убави вести да сме сите, инаку јас бев во четврток на мерење на фоликули, на 10 ден од циклусот, пиев од 5 до 9 ден 2 пати по еден кломифен и овојпат излегле само 2 фоликули (минатиот пат имав 4), но беа доста големи, едниот 18, другиот 21 мм, што д-рот рече дека е добро, ми мереше и ендометриум 8,5 мм што исто е добро, сега вечер ставам прегнил инекција за овулација и понеделник здравје одиме на инсеминација -2ра. Инаку д-рот рече дека е подобро со пауза да се прават и инсеминациите , а во паузата да не се пие ниту кломифен, затоа што со кломифенот се трошат јајниците, и колку повеќе се пие помалку резултати има... кај мене првиот пат пиев по едно и излезе само еден фоликул, тогаш пробавме спонтано, но немаше ефект, после правев 1 месец пауза, па пиев по 2, и излегоа 4 фоликули, правев и инсеминација ама неуспешна, па пак еден месец пауза и сега пак по 2 кломифен и инсеминација и ќе видиме, не сум баш оптимист.. ама за инвитро бараат 4 неуспешни инсеминации, ма да самиот доктор ми кажа случај со неколку неуспешни инсеминации, се спремаат лугето за инвитро, чекаат ред и останала спонтано бремена, така да нема правила
     
  14. srcinko

    srcinko Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    со среќа и тебе volsebna не мисли што ке биде потоа и на долеку за инвитро биди си отпуштена и се ке си дојде на место
     
  15. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    volsebna, darcy како поминавте на инсеминација? :sun: :sun: :sun:
     
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Ќе видиме за 10тина дена :) Докторот рече дека условите биле идеални, ама па и минатиот пат беше така некако... Сега повеќе се надевам, искрено речено, па ќе видиме. Се плашам од разочарување пак, морам да признаам.
     
  17. srcinko

    srcinko Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    нема разочарување главата горе се ке си дојде на место отпуштено и не мисли многу :inlove: :*
     
  18. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    и јас го велам истото, ќе видиме за 2 недели, кога ме гледаше на ехо д-рот рече дека ендометриумот ми е добар, едниот фоликул прснал пред некој час, а другиот е во фаза на прскање... искрено не се надевам многу, бидејки првата не успеа, ама ќе видиме
     
  19. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Ние ститскаме палци, здравје, чекаме и убави вести :sun: :sun: :sun: :sun:
     
    На volsebna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Proxima

    Proxima Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    234
    Женски, дали е болна инсеминацијата? Докторот ми спомна дека малку болело. И дали после тоа може да се оди на работа, да се вршат вообичаени дневни активности?