Дај боже , има шанси да биде се ок со стимулации така? Првиот пат платив 4300, вториот 3600 мислам и денес 600 па сеа за уште еднаш многу ќе ми дојде да ги испитам. Ваљда сеа ако не бидне работата за следна ќе треба пак да проверам. Уфф ајде да се надевам дека за роденден ќе го добијам најубавиот поклон
Се закажува ли на државно за хормони? Каде точно се проверуваат? Сакам да одам сега на 3ти ден да проверам, не ми се даваат пак пари приватно, огромна разлика е.
Не се закажува. Само треба да земеш упат од матичен гинеколог. Можеш да испиташ на ГАК. Лабораторијата работи везден, празник, викенд. Резултати следниот ден некаде околу 12/13ч. Јас најчесто одам во 8ми септември затоа што резултати се земаат истиот ден и тоа до вечер до 7. Така не излегувам од работа по 100 пати или да ангажирам некој да оди место мене. Маана е што работи од пон-петок. Ако падне викенд мора ГАК.
34 мил се супер бројка, браво. Дај Боже да биде овој пат, Оли. Ќе ти се придружам и јас месецов, ќе правиме и ние. Стандард беше процедурата со кломифен, прегнил итн?
Дајбоже, ќе видиме бетата што ќе покаже. Кломифен 5-9 ден, ми мереа фоликули, па Прегнил. Ако пиеш Кломифен, обавезно да одиш на инсеминација, секако земаш стимулација. Јас добро поминав, сите беа прељубезни и брзо завршував работа се'. Можеби така ми се погоди, не знам. Или си го сфатив дека не ми е гајле дали е хаос е таму, важна ми беше инсеминацијата. Каде сакате да правите? Јас размислував дали државно или приватно и не се каам што отидов на ГАК. Ајде, само храбро, се' ќе е добро
Јас па никогаш не сум правела бета после инсеминација, секогаш само обичен тест ми викаат. Инаку ќе правам во Систина, и претходните ми беа таму, па ајде и последнава. Ти рекоа да пиеш аспирин насабајле?
Јас кога бев пред еден месец на ГАК немаа реагенси за два хормона па нахнадно прашував по поликлиниките каде ги има сите не ќе ме боцкаат два пати и накрај ми земаа крв во букуреш поликлиниката е сега ако се падне сабота или недела мораш на ГАК
Мене па преку бета да проверам ми рекоа таму. Ми дадоа и Аспирин 100, пијам по едно наутро и ставам Утрогестан двапати.
здраво женички денес ја направив 3 та инсеминација имаф фокули 2 десен јаник 22.5 и 18 /90000 милоно семето колку време после инсеминација нетреба да се има односи
Напротив, не се препорачува апстиненција - треба и вие малку да помогнете и дома повеќе гушкање со мажето овие денови.
Сум заборавила од лани како одеше. Ми рекоа прегнил ноќеска и инсеминација во петок околу 12.00-13.00. Така идеше тоа, дури после ден ипол?
Да не се секирај. Темпираат 36-38 саати ако се сеќавам добро. Исто и за инсеминациите исто и за пункции при ин витро. Ајде со лесно и брзо да ти поминат двете недели исчекување
Девојки кажете ми ваше мислење.Дали може од страната кај што немам јајцевод да останам со инсеминација бремена.Докторов ме убедува дека може шансите биле помали ,но не и невозможни.Најверојатно среда четврток ке биде инсеминацијава.
Затоа не знаев дали да пишам. Не разбрав ич. Ама сигурно кажа дека имал таков случај. Кукле ако е поарно избриши ми го мислењето
Да ама разговарам денес со него и ми вика дека имало такво случаеви кај него...го гледам како овца.Иако уште незнам од кај ќе ми биде фоликулот овој пат.Зашто до сега се на лев ми беше.И денес дека е мн рано виде едно мало фоликулче на десна страна.Затоа го прашав и се замислив.Рече дојди во вторник на фоликуметрија.Има шанси сега на лев да испадне иако виде едно мало на десна а на лева не?