Jas ja pravev na GAK prvata, ja barav I vo sistina ama pretpostavuvam chuvaat za nivni pacienti zasto nemase togas
Па на Гак те прашуваат дали си примила. Јас од Ремедика ја земав ама не сакаа да ми ја стават , прво прашање беше дали сум нивни пациент. Систина исто прво прашање беше дали сум нивни пациент. Реално не секој има можност приватно да иде.
@BellaBibi @Anyshka @MaceIc јас лани првата инсеминација кога ја правев на ГАК, таму ми дадоа овитрел. Не платив повеќе од цената што е, 700ден. Значи и ГАК треба да има, а зошто сега не и дале на членката е прашање. Ги чуваат во фрижидерот што е во самата соба на 3 кат.
Денес 6ти ден од инсеминација. Сабајле станав за на работа и стомакот и јајниците исто како пред добивање и главоболка, па си мислам дека ќе добијам и овојпат. ден за не добивање 13ти.
Ова ми го кажа матичната ( гинекологот, која исто мака мачела 6 години за да роди) во една прилика каде буквално како изгубена гледав и бев разочарана од се. Оваа реченица, позитивен дух ми донесоа среќа која едвај ја чекаме во Септември да ја земеме во раце.
Пак јас досадна. Дали и вие имавте болки после инс? Еве цел ден ме болат јајници и вчера исто, ден седми, дури страв ми е.
Примаш прогестерон? Обично од него болат јајници, не се плаши болка може да е добар знак, бара место кај да се вгнезди.
Девојки, Дали после 1ва неуспешна инсеминација мора да се чека 1 месец или може веднаш наредниот да се повтори постапката?
Здраво, Се префрлив од ХСГ форум овде бидејќи денес правев прва инсеминација. По препорака на доктор, бев стимулирана со кломифен и пред два дена имав водечки фоликул од 21см. Меѓутоа, докторот предложи да чекаме до денес, иако му потенцирав дека имам рана овулација. Денес пред да ја правам инсеминацијата, на ехо, фоликулот од десната страна беше прснат, а лево имав хиперстимулација од два големи фоликули кои не се излеале. Го прашав докторот дали се прави зафатот и пред предвидена овулација, ми потврди дека може. Тогаш, не разбирам, зошто ризикуваше кај мене да поминат два дена во исчекување, со зрел фоликул и да се појави можноста да ја пропуштам овулацијата? Дали инсеминацијата ви ја правеа истиот ден, во овулација, или уште додека фоликулите не беа пукнати? Ви благодарам❤️
Јас денес платив 14 000 во Систина само за имсеминација. Првата контрола платив 2700, следната не ми наплатија, а наредните две ги правев кај мојот матичен гинеколог, за да не патувам до Скопје за мерења фоликули. Претходната недела, додека чекавме, една пациентка праша на шалтерот и рекоа 10 000.
Можно е и кај кој доктор ја правиш.... 16000 е вкупно со инекцијата ... ти прими стоп инекција? Парите за тоа ич не ги жалам ... алал нека им се