Докторот пред се знае што прави. Откако ќе пукне фолекулот јајце клетката живее 24 часа. Ако завчера ти стоел фолекулот непукнат, значи тој пукнал вчера или ноќта пред процедурата, или 2 саати пред процедурата. Тоа неможеме да знаеме. Може фолекулот и ти растел до вчера и достигнал големина од 23 па пукнал. Биди смирена и верувај на докторот кој ја извршува процедурата. Доколку немаш доверба , ти самата ќе си под стрес што во овој процес не ти е потребен. Не е ова зафат како инвитро, едноставно вбризгување на сперма е. Незнам каде си правела , но мене матичната до ден пред инсеменацијата ми ги пратеше фолекулите.
Во Систина правев. Баш од причина што е вбризгување сперма, не бирав профил на доктори. Точното време не може да се знае, но мој пропуст е што не отидов вчера. Требаше ништо да не оставам на случајност и покрај неговите насоки. Сепак, кога станува збор за подложување на терапија, треба да се следи секојдневно. Но, што е, тука е. Со Господ напред, сѐ ќе биде добро. Мене ме интересираше само дали вашите инсеминации се правени пред, или после пукање на фоликулите? Дали тоа воопшто игра улога во целиот процес?
Еве мене не ме ни виде на ехо. Така што незнаеме дали пукнале или не. Еве официјално завршувам прво тромесечје. И не игра улога. Ми делуваш дека немаш баш доверба во докторот. И да си отишла вчера ОН одлучува кога да ја прави. Инсеменацијата не подлегнува на такви терапии што се како за инвитро. Кломифен пие секоја втора. Опушти се , мисли позитивно и не анализирај тоа што било.
Искрено немам, или барем така се чувствувам. Излив на емоции. Овој трнлив пат до дете почнува психички да ме исцрпува. Ме радува што има примери како Вас, со успешна инсеменација. Ќе пробам да го послушам Вашиот совет, Ви благодарам на споделеното искуство.
И мојот пат не беше воопшто лесен. Таман мислиш ќе биде оп нешто излага, таман мислиш инсеменација излага друго, па операција и се така три години. Ама верувај и ќе биде.
Вербата е моја движечка сила. Ќе се бориме до крај. Мене ме загрижува фактот што сопругот има многу лош спермограм и знам да бидам скептик во некои моменти. Но, како што велат докторите, само еден сперматозоид е доволен да ја оплоди јајце клетката. Се надевам спаѓа во групата пливачи од денешниот ден.
Ако ти е за ваучер, треба да има два циклуси измеѓу. Ако секако би правела можеш веќе наредниот, само без стимулација. Ако имаш пиено кломифен, летразол или друго за стимулација, на наредната би требало да правиш на природен циклус. Ама ако си таков случај, секако стимулацијата има продолжено дејство. Среќно!
Кај мене успешната инсеминација Трајковски ми ја правеше на според него пукнати фолекули, иако не ме гледаше на ехо дента на инсеминацијата. Стоп инекција примив на 20мм фолекули и после два дена правев инсеминација. Докторот ми рече сакам фолекулите да бидат пукнати, верувај ми знам што правам. И така испадна, близначка бременост која понатаму не успеа, но тоа е друга тема.
Мене не ме гледаше на ехо докторот во Систина, туку матичниот лекар (по препорака на докторот), со цел да утврдиме дали настанала овулација. Веднаш после тоа, тргнавме за Скопје. Инаку, не добив стоп инекција и со фоликулите од левата страна имав хиперстимулација. Кога го прашав докторот дали постои можност да се претворат во цисти, крена рамења и рече дека најверојатно ќе се смалат и ќе се исушат. Сакам да верувам дека и мојот доктор знаел што прави и искрено се чувствувам многу подобро кога читам за бременост во случај на потврдена овулација. Жалам што не Ви успеала и се надевам дека веќе имате полни раце и полна душа.
Немам полни раце, за жал продолжувам со борбата. За цисти, имам искуство кога бев стимулирана со кломифен и касно примив стоп инекција (лоша проценка на докторката). Имав 3 цисти од по 4 и 5см, но веќе со циклусот тие пукнаа.
Bremena so vodena cista prilicno golema od 35-40 mm. Se porodiv pred 3 nedeli. Bas na prvata kontrola ke prasam dali seuste stoi cistata.
Денес 11ти ден од инс и не издржав направив тест во 6 сабајле и излезе негативен. Дали утре да направам преку крв или е рано?