Ве молам за мислење, дали ми се причинува. 12 ти ден, да ми заврши смената и ќе одам за преку крв. И минатиот пат вака еднаш ми се направи бледа, па ништо. Веќе се возбудив ..
Ima bleda crta da se nadevame deka i na dvete ne ni se prichinuva,napravi si preku krv i chekam da pishesh kakov e rezultatot ama spored slikata e pozitiven❤
На 12 ти ден ти е направен тестот. Рано е. Зошто така брза со заклучоци гинекологот. Јас на 20 ти ден негде имав бета 400 и нешто, што ако сум ја направила на 12 ти ден, како тебе би било. Стрпи се и за два дена напрај уште една бета доколку си во можност. Бетата ти е позитивна, а и на тестот се гледа ептеееееен рана рана бременост. Не се разочарувај, јас верувам дека си бремена, само што уште е рано ептен.
Дај Боже, до сега плачев од што не знам на што сум. Фала за одговорот. Ќе направам бета пак за 2-3 дена.
Не си прај стресови, кај мене на 11 ти ден ми беше 14 бета па еве ме 15 та недела сум. Опушти се и повтори бета за два дена
Не плачи, не се стресирај. Јас мислам, па и сигурна сум дека си бремена. Направи за два дена бета , па со резултатите удри по главата на гинекологот, кој место да ти каже рано е, стрпи се, ти вика ми личи ма биохемиска. Напрај ти бета и јас ќе му отидам место тебе.
Причекај и за тој тест. Јас тек на 16 ти ден имав втора, не јака линија. Еве почнувам 14 та недела уште малце.
Здраво Денес ми е петти ден од инсеменацијата/ шести ако се брои денот на зафатот и чувствувам болка при допир на градите. Со оглед на тоа што примам прогестерон, сакав да прашам, дали некоја од вас имала слични симптоми од терапијата? Ви благодарам.
Моето срце не издржа и денес пак направив тестови и тоа два. Според ова што јас го гледам линијата е потемна денес. Што мислите? 13ти ден од инсем.
Када каде е потемна. Ама рано ти е уште. Ова е апсолутно позитивен тест. Ако направиш бета утре и се дуплира, прво смени го матичниот те молам.
Го пратив тестот на гинекологот, ми рече рано е, за три дена да направам. Искрено глава ме заболе од одговорот на гинек. Дали да направам бета утре? 14ти ден ќе биде. Или да чекам петок ако воопшто можам. Фала ви за поддршката.