neznam sigurno od sto procitav pregnyl inekcija ima dejstvo 7-8 dena dodeka pak ovitrele stop inekcijata nekoj imase napisano deka ne bila kako pregnylot i ne mozela da dade pozitiven test ... neznam da kaze nekoj poiskusen
Hello ❤️ Сакам да ве прашам дали некој ги има користено овие кесички ми ги дадоа за замена на chirofol 500
Здраво девојки Еве и јас да се пријавам Денес направив инсеминација Понеделникот примив инекција и денес во 10 беше чинот Ми даде докторката прогестерон наутро таблета, навечер вагинално Има некој што правеше денес Со успех кај сите да биде
Јас да се пријавам за прва неуспешна инсеминација, дојде вештерката дури и порано од што беше. Следен чекор е лапароскопија здравје да се видат каналите. Нема откажување, се што треба да се стигне до целта. Посакувам успех на сите кои чекаат две цртки ❤️
Девојки,сабајлево правен повторно тест ,више 12ти ден е од инекција овитрел примена на 02.04 вечерта. инсеминација на 08ми правена. Имаше бледа втора линија ,мислите дека е сеуште од инекцијата лажно позитивен
Не верувам поминати се 14 дена од инекцијата.Јас мн се разбарав и читав некаде пишува 10 дена,еден доктор рече од 6-8 дена.На упатството до 14секаде различно.Ама зависело демек од организам до оргнизам.Мислам дека тестот ти е позитивен заради бременост.Честитки
Ако си примила инекција на 02.04 тогаш 14 дена се поминати. Јас имам правено тест после 13 дена од помината инекција и бил негативен, без влијание од овитрелот. Мислам дека си бремена
и ја ќе праам утре посекако повторно се до 22ри кога треба да праам . Се надеваме на позитивни кај двете. Па сподели како ќе биде тестот
Здраво, Денес ја правевме втората инсеминација, но некако резултативе од спермограмов се полоши од предходно... дали некој имал позитивно искуство со мал број сперматозоиди?
Па многу поопуштена сум од првиот пат дури првиот пат и ко цел ден болка тапа да имав сега вториов ништо. ама имам некое црвче во глава за спермограмов
Јас имав успешна инсеминација без ниеден симптом, тоа не мора ништо да значи. Имате ли друг проблем освен ова со спермограмот?