Благодарам дај боже да е така, но сепак мислам да почекам уште некој ден за преку крв или пак ваков тест дома ќе правам Здравје само да сме живи и здрави и како треба да биде ќе биде Со Господ напред За многу години денот денес Велики Четврток живи и здрави да сте сите и сите што чекаат да се израдуваат со позитивен тест Најубавите работи се случуваат кога е вистинското време
Dali progesteron pravi zapek, stavam crinone so denovi nemam otideno vo toalet.Inseminacija pravena pred 9 dena
Кај мене сосем напротив, полесно одам во вц откако ставам утрогестан отколку претходно. Не знам дали е индивидуално искуство…
Мене не,еве јас веќе 2 кутивчиња потрошив до сега не ми направил таков проблем,уште едно имам за вечер Пробај нешто со исхрана или со сливи суви мислам дека помага,сепак секој организам различно реагира
Јас уште побледо од ова имав на ваков, па терам 25та нед. Дај боже да е се како што треба и да е бременост, со лесно
Главата горе виртуелна пријателке Битката е голема ама вредна за борба и нема разочарување и откажување Наредната ќе биде а може и нема да има потреба за инсеминација Бог си ги реди коцките Те гушкам
И кај мене втора неуспешна, само се залажав со тестот Вчера и сабајле правев Шур чек и двата негативни, а уште немам добиено.
Па немаше друг за тоа дури два земав а немам веќе никакви симптоми ни јајници ме болат ни гради... празници се нема кај да проверам преку крв...
Јас чекам уште денес најдоцна утре да направам уште еден тест дома ќе правам зошто утре не работат лабораториите...Направив јас пред неколку дена имаше бледа црта ама се мислев да не покажува од стоп инекцијата..и плус пиев прогестерон тој го завршив во четвртокот сабајлето и веќе не пијам чекам да добијам (не добијам) ден за добивање 28ми ден ми беше вчера..Сега нешто грдо кафено на бришење малку видов...Па ќе видиме до утре здравје Се трудам да не мислам многу со работа по дома ама секое одење во тоалет е со возбуда како да чекам лото
После колку дена од испиено последно апче сте добиле циклус? Инаку вчера требаше да добијам ама дека до четвртокот пиев прогестерон па валда ради тоа не добив
Јас првата добив иско пиев .. еве сега вторава сама си ги прекинав вчера и уште немам добиено, моја пресметка требаше на 2ри да добијам, на докторот пресметката на 3 ти
Абе чекај малку, ти нели имаше бледа црта, зошто си прекинала прогестерон и зошто чекаш да добиеш? Јас не мислам дека е од стоп инекцијата, цртата се затемнуваше и плус долго време е поминато.