Па во консултација со докторката во четвртокот рече дека доста ги пијам и да чекам да видам дали ќе добијам (односно дали нема да добијам)да почекаме уште некој ден па да повторам тест..поради таа причина јас и го пратив и тестот И четвртокот ми беше последното апче..Малку сум збунета полна со прашалници...но ќе видам до утре
Стоп инекцијата беше на 15ти вечерта, инсеминацијата на 17ти а последното апче го испив во четвртокот сабајле..две кутии испив..и регуларен ден на 28 дена циклус имам секогаш ми е редовен и некогаш знае и на 27 дена.. На 6ти април добив и требаше вчера на 28ми ден..ама еве нема уште ништо Дај боже и да нема... извинете за долгиот одговор но еве се да споделам со вас
правев два шур чек вчера и денес негативни... никакви симптоми, сама си ги прекинав утрогестанот и естрофемот... Барем да дојде да не се нервирам. Иначе инсеминација на 19ти а стоп инекција на 17ти .. исто и мене ми е многу редовна.. последна менс на 04.03 требаше да добијам на 02.05 ама еве нема ништо
Јас колку што знам прогестерон не се прекинува кога има бременост, нагло паѓање на прогестеронот може негативно да влијае. Ти имаше позитивен тест за бременост, не разбирам зошто матичната ти рекла да ги прекинеш за да видиш дали ќе добиеш
Навистина не знам но сепак не направив на своја рака,бев послушна и се правев како што треба Се надевам дека нешто не погрешив и дека ако треба да биде ќе биде Со Господ напред
Значи ние две сме тука со датите Еве направи утре наутро уште еден тест ама немој пак тој истиот земи селф клиар И дај боже да биде трета среќа Не се разочарувај Мора да сме храбри
Iskreno jas nekako ni nemav mnogu nadez zatoa sto na HSG mi izleze leva tuba proodna a desna ne proodna ( no tolovski mi rece ja probivme) piev jas letrazol i bas toj mesec 3 folekuli imav na desnata strana no doktorot rece kao demek samo so laporoskopija moze da se dokaze deka 100% e neproodna. Neznam dali nekoj ima so vakvo iskustvo da spodeli nesto ?
Жени храбри кралици лавици Христос воскресна за многу години Велигден Живи и здрави среќни благословени од Бога со убавини и догодина сите да сме побројни ♥️ Убав ден да имате сите и само насмевки
Сакаш верувај сакаш не, ама втората инсеменација кога ја правев, ич ама ич немав никаква надеж дека ќе биде нешто. Чекав да добијам, со нервоза до бескрај, со една негатива дента на добивањето мое. Имав еден тест и земав да го правам за да бидам сигурна дека сум еден баксуз, што не би имал среќа. Амааа се појавија двете црти и еве ме крај на 5 ти месец терам. Знаеш дека имаме членки кои од полу запушени туби се бремени? Деугарка спремна за инвитро, со хаос туби остана природно бремена. Ене ја со 2 годишна принцеза се гушка. Приватно правеше инсеменација?
Еве ме мене пак, тест друг не направив не сакам да се разочарувам... на 19.04 инсеминација по календар ми доцни 4 дена, најверојатно од утрогестанот ми доцни. Сабајле само кафен исцедок на хартија малку и толку.. на секои 15 мин одам до вц како улава.. сигурно денеска ќе ми пробие, само ме буни тоа сабајле само што имав и толку, немам ни болки ни ништо а обично со јаки болки сум, сега само жештина доле кај јајници...
А прогестеронот кога го прекина? Направи ако не преку крв,јас утре здравје ќе правам преку крв бета да проверам зошто и мене и вчера и денес така кафено ама само на бришење иначе немам..а требаше петокот регуларно ако добијам да биде дека 28ми ден беше..си викам и јас да не е поради прогестеронот ама јас него го завршив во четвртокот И затоа утре планирам преку крв да проверам Само смирено и без грижи
Девојки имам едно прашање За што најмногу уствари се дава прогестеронот? Знам дека за плодот нешто за задржување ама дали кај сите даваат или тоа зависи од некои фактори и е индивидуално претставувам?
Denes 14 den od inseminacija. Za 2 Dena treba da napravam test preku krv. Mu se slucilo nekoj porano da ima rezultat preku domasen test?
Да, секако може да покаже тест доколку има бременост и посебно при темпиран однос/инсеминација кога знаеш кога точно била овулацијата. Сепак се препорачува преку крв за најточни резултати. Преку крв би покажало и денес. Со среќа дај боже да ти биде успешна
Девојки здраво Јас денес таман ќе одев утрово да проверам преку крв бета ама еве денес добив...Тоа е што е...Да сме живи и здрави продолжуваме понатаму Разочарување нормално дека има ама откажување не! Чудно само стомак не ме боли ама затоа кичмата не ја осеќам од што ме боли Со среќа на сите што чекаат резултати и да се позитивни кај сите
Ke bide sledniot pat,jas mislam deka moze da docni ciklus I od crinone gel,moze nema nisto, a crinonot odlozuval ciklus
Сигурно докторот верувал дека каналот е прооден штом те стимулирал и правел инсеминација. Ако постоел сомнеж дека е непрооден или делумно прооден нели постои ризик од вонматерична бременост и поголема белја. Како ти стои во извештајот од ХСГ? Мислам дека не треба да се секираш туку да се надеваш на успех, добар број фолекулчиња си имала, која големина ти беа?