Значи многу ми чудно, ти имаше позитивен тест две недели после стоп инекција, попрај ме ако грешам. Според мене тоа беше мала веројатност да е од инекцијата и стварно бев убедена дека си бремена. Нејкам да давам лажна надеж ама сигурна ли си дека имаш добиено?
Па сабајле имав розево сега веќе се е кафено барем да добијам саглам да не ме мачи..За да бидам сигурна направив прееска и преку крв и тоа е тоа за жал ништо 12.8 е вредноста Идеме понатаму продолжуваме со борбата
Не знам само после колку време од прогестеронот тие што пиеле добиле циклус? Барем да ми пробие убаво како што треба
Vo izveshtajot pisuva desno opstriktivna tuba Levo uredna proodnost mu bese cudno za desnata strana me prasuvase dali nekogas sum imala operacija ili nesto bidejki najcesto od toa. Iskreno neznam tocno koja golemina bea znam deka na 10ti den koga mi pravese eho edno imase 9mm drugive dve neznam
Ако е 12.8 можно е да е биохемиска бидејќи над 5 е бременост. Била повисока па сега опаѓа, мене ми се случи во јануари. Еден ден имав кафеаво, наредниот ден веќе добив обилно. Не се секирај и не се откажувај, не прави паузи и повторно почни си со обиди, кај мене бидна после 2 месеци од биохемиската.
Значи можно е и тој к'смет да сум била... Биохемиска што конкретно би било? Фала ви на поддршка Секако дека нема да се откажам Чекам барем убаво да ми пробие па ќе појдам на гинеколог па продолжуваме понатаму А тоа како знаеше ти дека е биохемиска?
Биохемиска бременост е таква што воопшто не стигаш да видиш плод на ехо, ти си бремена, но веднаш по имплантацијата плодот не се зацврстува и по природен пат се исфрла, личи комплетно на добиено и многу жени и воопшто не знаат. Губитокот се случува пред 5та недела. Обично велат е природна селекција и на многу жени им се случило, свесно или несвесно. Ќе ти кажам сопствено искуство, ние долго се обидувавме за бебе и немаше шанси да ми промакне. На денот кога ми беше за добивање 14дпо имав бледа црта на тест, следниот ден 27 бета преку крв што означува бременост, но сепак многу мала е вредноста за веќе 15 ден по овулација. Знаев дека нешто не е во ред. Следниот ден кафеав исцедок и бета преку крв 12, дупло опаѓање што значеше дека кај и да е ќе прокрварам. Така и се случи, наредниот ден си проби како добиено. Фактички ми каснеше само 2 дена, ама затоа што пробуваме активно и тестирам и знам точни датуми на овулација, знаев дека сум изгубила плодче. И верувај претешко ми беше, ама поминува. И веднаш после тоа почнав пак со активни обиди, никаква пауза. Ти посакувам многу среќа и очекувам наскоро бебче кај тебе. Се најубаво
Имало бременост дефинитивно. Каде правеше инсеминација? Ме чуди што ти рекоа да прекинеш прогестерон кога имаше позитивен тест. Нека кажат и другите, ама јас како што знам не се прекинува... Ти посакувам среќа следен пат
Ти благодарам од срце за споделеното искуство ми значи многу зошто колку и да сум јака е тешко е особено ете ако навистина имало нешто и не сум успеала да го задржам..Но пак ќе кажам Божја волја е..Ќе биде следен пат
Па да тоа значи дека имало некое запушување; велат може од инфекција, киретажа, царски рез, а еве може и необјаснето. Ама штом ти рекол докторот дека ги отпушиле најверојатно тоа се гледа и на снимката. За големината на фолекулите те прашав бидејќи ако си имала 3 големи фолекули значи добро си реагирала на стимулацијата и шансите ти се тројно зголемени
Да си жива и здрава,ќе биде следниот патБез разочарување,се случуваат работите кога нема да ги очекуваме
Здраво девојки, сакам да го споделам моето искуство и да побарам совет. И јас на 19ти април правев прва инсеминација (со естрофем и Овитрал), потоа утрогестан. Не стигнав да правам тест бидејќи на 1ви мај почна кафеав исцедок а на 3ти добив. Нема разочарување, одиме напред мислејќи дека е можно да треба да одиме до ИВФ, ме интересира дали следната инсеминација здравје треба да ја планираме во јули (за да бидат поминати цели 2 месеци)? Не ми е јасно како е замислен тој минимален период помеѓу инсеминации бидејќи ретко кој циклус трае 30-31 ден? Фала
Taka kazuvaat deka treba 2 meseci da pominat za sledna . Mene mi se poremeti ciklusot eve. I sledno ke podnesam dok vo fond za ifv
Добро утро дами Едно прашање имам Дали сега овој месец повторно доколку правам инсеминација повторно би пиела терапија за стимулирање бидејќи последниот циклус пиев летризол,дали и тие како Кломифенот имаат продолжено дејство? Или може сега без стимулирање да правиме? Или тоа сепак зависи од ехото што ќе покаже на 10ти ден од циклус би одела на ехо да видиме дали имам фоликули и овулација Имајте убав ден
Jas samo sto bev bidejki mi e 10-ti den otidov na konsultacija da prasam sto ponatamu me vide na eho imav eden folekul 19mm, za insemenacija mi rece nareden mesec koga ke dobijam da mu se javam.
Девојки здраво, би сакала да ве прашам дали знаете во кои аптеки можам да најдам летразол од 2,5 мг. Прашав во неколку ги немаше, а треба да ги почнам
Јас најдов во аптеката спроти машински факултет до продавницата за храна La-Noi во Карпош во зградата долу има аптека и лани таму ги најдов и сега минатиот месец од таму ги земав само не се сеќавам како се викаше аптеката и таму ги двојат на лента не мора цела кутија да ја купиш ако не ти треба мислам дека се вика Мери Аптеката