Stop ineksijata ja staviv na 20ti a inseminacijata mi bese na 22.veke netrpeliva sum treta inseminacina mi e no prv pat so stop ineksija
Па барем 14 дена...сепак е потребно време да се исчисти инекцијата (за да не даде лажен резултат тестот) од организмот и зависи мислам и која доза е примена односно од колку единици е инекцијата што е примена
За 2-3 дена направи си тест. Штом си примила стоп инекција два дена пред инесеманцијата, фолекулите биле пукнати веќе или пукнале тој ден. Оплодувањето е до три ден, така што за некој ден ти посакувам најубави две цртки.
Девојки некоја со искуство два фолекулу од по 16мм на 12ти ден, со Кломифен од 5 9 ден . Дали е во ред големината? Стоп инекција на 14ти ден треба
Ако на 14ти ден веќе ти се над 18мм фоликулите ќе ја примиш инекцијата, а ако не се ќе треба уште малку да пораснат. Јас ја примив кога двата фоликули ми беа по 20мм, а третиот 18мм. Ендометриумот колку ти е? Препорачливо е над 8мм за бременост.
Трета инсеминација направена. Ми дадоа Утрогестан 2 Х200 да ги ставам навечер. Дали некоја од вас примала ваква доза, дали има некои нус појави, досега не сум ги користела. Дали се ставаат со апликатор или? Понеделник треба да ги почнам
Скоро сите ставаме утрогестан, нус појави нема, едино може некое чешење минимално да ти се појави. Со апликатор не се препорачува, миј убаво раце и ставај со прст што подлабоко. Со среќа
Devojki mi treba vashe mislenje inseminacijata mi bese na 22 na 20 stviv stop inekcija pravev domashem test na 6ti i bese negativen no imav cel den strashni glavobolki isto kako za pred ciklus do vecerta dobiv no slabo krvarenje i naredniot den poveke i eve veke vcera i denes(sabota i nedela) nemam nisto dali mozo da e bremenost ili od terapijata sto ja primav dabroston i estrofem
Според мене најубаво да е направиш тест преку крв да провериш бета,сепак поминати се 14 дена од инсеминацијата, можно е и од терапијата и да има промени и во циклусот но можеби и нешто убаво е на повидок Дај боже да е радосна вест,но сепак мислам да провериш и преку крв Среќно
Utre obavezno ke proveram zosto mnogu mi e cudno redovni ciklusi imam i sekogas po 5-6dena krvarenje.daj boze da bide pozitivna vest
Здраво девојки, Пред два дена беше и мојата прва инсеминација, 5х1 кломифен, 5 дена мериоферт и стоп инекција ден пред инсеминацијата. Се надевам ќе биде успешна, ако не од следен месец се спремаме за ин витро некако многу време ми е губење за ваучер да добиеме. Иначе сме со необјаснет стерилитет, се е океј и кај мене и кај мм ама не бидува. Два дена по инсеминацијата само болни брадавици од симптоми сеа за сеа иако знам рано е. Има ли некоја за друштво и бодрење овие тешки две недели до тест?
Пред се ти посакувам многу среќа и две цртки на тест. Незнам колку време се обудувате, ама одма за инвитро не брзај. Ние бевме иста ситуација како вас. Се се супер, ама бременост немаше. Првата неуспешна, втората успешна. Болните брадавици не ти се симптом. Премногу рано е за тоа. Терај си најнормално овие две недели, да ти кажам не мисли, неможеш, ама гледај некоја занимација наоѓај си.
Благодарам. Пробуваме околу 2 години знам дека не е многу а и млади сме(29 год), ама веќе како поминува времето се повеќе психички сум оптеретена. Дали со стимулации ти беше успешната инсеминација? Што беше поразлично од првата инсеминација? Имаше ли некои симптоми пред тестот?
Некои посебни симптоми не очекувај, единствено околу терминот за НЕдоаѓање можеш да имаш менстуални симптоми. Јас кога имав успешна инсеминација имав болки во стомак како за добивање, 2-3 дена пред терминот, болни гради и толку. Пробај да се опуштиш овие две недели, гледај си некоја серија, читај си книга. Со среќа
Здраво мила, ти посакувам пред сѐ успешна инсеминација, дај Боже да си видеш 2 цртки. Рано ти е за било каков симптом. Мене прв симптом после инсеминација ми беа болни гради, ама ова неколку дена пред (не)добивање почнаа, и менструални болки како пред добивање ама поблаги. Колку фоликули имаше ти? Колку ви беше обработениот материјал?