Жал ми е мила. Ајде ќе биде нареден пат, нема разочарување. Битно е да не се откажуваш. Имаме среќа што живееме во 21 век каде што медицината оди напред. ❤️
Девојки и јас да пријавам и оваа инсеминација ништо...правев вчера тест сабајлето ништо..Ама немам уште добиено циклус...Нема валда и овој пат да ми се поремети циклусот..Вчера сабајлето ми беше последното циклогест...кога после прекинување сте добиле циклус? Иначе ден за добивање ми беше петокот 28 ми..ама дека примав терапија мислам од тоа не добивав...
Нема откажување и разочарување,мисли позитивно Ќе биде следниот пат дај боже мене трета ми беше и не се откажувам Ќе биде!!!
Здраво Девојки, Ви пишувам со надеж дека можеби на некоја ќе и помогнам да заштеди време и да стигне побрзо до резултат за кој сите ние се бориме. Во период кога се прави инсеминација би препорачала малку подетално да се испита машкиот фактор. Дури и во нормален спермограм, може да имаа ДНК фрагментација, што најверојатно би значило дека патот до бебенце е преку ИВФ. Оваа е за оние што сакаат да копаат подлабоко(како мене ) со надеж дека ќе постигнат побрзи резултати. 1. Спермокултура https://ivfmonbebe.mk/product/spermokultura/ 2. ДНА фрагментација - Високата фрагментација на ДНК може да доведе до слаби стапки на оплодување и проблеми со развојот на ембрионот. https://www.facebook.com/share/p/3Zaf8K2EBtGsk6xg/?mibextid=oFDknk 3. Спермо Уреаплазмана https://www.zivotizdravje.com/sto-e-ureoplazma/ 4. Androflor Screen анализа https://plodnost.com.mk/mk/androflor-screen/ 6. Оксидативен стрес тест (OST Поздрав и со среќа на сите!
Денес пропуштив инсеминација. Калчовски не ми кажа дека планира за денес, а маж ми вчера спермограм правеше плус имавме однос и денес не можеше пак да дава примерок... Малку се разочарав искрено заради пропуштената можност. Но, нареден месец пробувам обавезно....
Здраво девојки.. И јас правев инсеминација на 01.07, на 29.06 примив инекција ovitrelle, пред тоа пиев 5 дена летразан од 2,5мг, и од дента на инсеминација 14 дена вагиналети циклогест. Вчера проверив бета хцг излезе негативна - вредност 2, искрено се разочарав многу ден за добивање ми беше 14-15/07 и уште немам добиено. Претпоставувам дека од терапијата ми касни, ама немам никакви симптоми за добивање.. после колку време отприлика доаѓа циклусот.
Ова е индивидуално за секого. Зависи од тоа како телото ќе реагира. За некои има доцнење повеќе од недела, а кај некој се добива и порано од очекуваното.
Јас со овие мутации што ги имаш ти примав клексани од позитивен тест до сам крај на бременост, а пред да останам пиев аспирин секој втор ден
А да те прашам можеби знаеш. Дали ваквата тромбофилија може да биде причина за спонтани? Затоа што претходно имав 2. И дали ова може да биде и причина за потешко останување бремена?
Да јас имав два спонтани со овие мутации пред да останам бремена во ноември од кога дознав за мутацииве ми дадоа аспирин секој втор ден метил фолат и метил б12 секој ден. Од позитовен тест го прекинав само аспитинот кој го заменивме со клексан 0.4 а метил фолатот и метил б12 си ги продолжив и пиев до крај. Клексан исто се боцкав до крај и фала му на бога пред неколку денови стигна моето бебуле на свет и еве сега лежи до мене Ако си од Скопје барај да те води Јани односно барај си термини за кај него и појди си со резултати ќе ти каже се мене ме водеше цела бременост.
Германија живејам и за ова испитување чекам таму термин веќе 6 месеци. Моментално сум на одмор во МК и тука го направив.
Консултирај се тогаш со некој проватен трансфузиолог. Можеш Систина да појдеш имаат добри трансфузиолози