Ремедика. Имаше и во Систина, ама кога се јавив беше веќе покасно и таа ми објаснуваше како неможе да ми издаде и во Ремедика аптеката најдов
Додека си тука види кога има термин за кај Јани, или ако нема термин приватно, ќе ти препишат терапија. @meggle мене ми ја дадоа во Систина.
Здраво на сите се спремам за прва инсеминација кај доктор Трајковски,па би сакала да споделите искуства кои сте правеле кај него како иде процедурата,и колку дена пред инсеминација не треба да имаме односи,инаку сега сум во фаза на стимулација со пцо сум?
Јас правев кај Трајковски инсеминација и ми беше прва и успешна фала му на Бога. Инаку процедурата е ти дава стимулација, одиш на фоликулометрија и ако тој процени дека се доволно пораснати фоликулите ќе ти каже веднаш кога да одете за инсеминацијата и одприлика тоа е сѐ, не е ништо комплицирано. Гледајте пред инсеминацијата да немате односи барем 2-3 дена. Ти посакувам многу среќа и две цртки
А за прскање на фоликули примаше ли стоп инекција,или тој по растот на фоликули ја одреди овулацијата?
Примав да, посигурно ти е така кога веќе одиш на стимулација. По 24ч од примање на стоп инекцијата ми ја направи инсеминацијата.
Здраво девојки, Активно ве читам , од досегашно искуство после 3 години и неуспешни инеминации се воспостави дека причината за неплодност ми се мутирани гени и тромбофилија ,по грешка во една група пишав хемофилија хаха испитајте пред инсеминации и тоа бидајќи мене толку време никој не ме упатил а специјалистот се зачуди зашто се правеле инсеминации без да се проверат мутации
И матичната уште ме советуваше инсеминации да правам Матичната ме советуваше да правам уште инсеминации и ја сменив сите викаа се е во ред а не беше, на 29 години сум со намалени резерви на јајце клетки и со намалена можност за имплантација на ембрион при инвитро
Нека ме исправат членките ако грешам ама мислам дека мутациите не прават проблем при забременување, туку за време на бременоста ако не се прима терапија. Какви други испитувања имате направено? Дали те советувале за испитувања на ендометриумот штом имаш намалена можност на имплантација?
Pai-1 mutiran definitivno prai problem vo zabremenuvanje zatoa sto nemoze da se implantira plodot.terapija primam uste od sega 3 meseci pa posle inseminacija
Незнам јас го имам баш Паи и никој до сега не ми спомнал дека прави проблем за забременување, знам ради тој дека треба клексан, затоа и примам. Ама ете научив нешто ново