Здраво, Најчесто, од третиот ден од циклусот, докторите даваат стимулација со кломифен, летразол или слично... Потоа најчесто по 12та ден се мерат фоликулите и ендометриумот, секако тоа е во зависност од должината на циклусот. Откако фоликулите ќе достигнат околу 19 мм или 20 мм, се дава стоп инјекција (како Овитрел, Овидрел или Прегнил). Инсеминацијата обично следи во рок најдоцна 36 часа, во зависност како смета дека докторот е најдобаро.. Исто така друга опција за инсеминација е без стимулација, користејќи само стоп инјекција. Ако не сте направиле спермограм, проверете... Многу важна е подвижноста и морфологијата за успех при инсеминација.. Со среќа!
Закажи си кај докторот што ќе ја прави инсеминацијата, после преглед ќе ти кажат дали на природен циклус или со стимулации. Ако е на природен циклус, одиш на фоликулометрија и едино можеш само стоп инекција да примиш пред инсеминација, а и не мора. Ако е со стимулации на 3-5 ден од циклус пиеш терапија, одиш на фоликулометрија и се договарате со др кога да биде инсеминацијата. Од прилика тоа е
Конечно завршив со првата инсеминација. Ми рекоа тест после 15 дена. Инаку помина се супер. Примерокот бил супер, така ми рекоа од андролошка лабораторија.
Да, ми дадоа вагиналетки Утрогестан да ставам 10 дена и фолна киселина. Страв ми е да мокрам сега дури за да не истече примерокот
Feminki 8 den od inseminacija sum nemozev da cekam 14 dena nestrpliva bev napraviv test doma ispadna negativen dali izbrzav ili moze i sega da pokaze?
Супер беше и многу брзо, само го убризга и рече станвај продолжи со денот и кај сопругот беше одличен материјалот( ова го кажувам затоа што кај него имавме проблем, немаше брзи војнициза 4 месеци од првиот спермограм, повеќе од дупло се подобрија, а пиеше само профертил витамини)
Да го имам читано тоа тука, меѓутоа овде и првиот пат и сега исто ми рекоја, и тоа препрашавме ние дали треба да лежам. Незнам дали игра тоа улога.....
Тие што сте останале бремени со инсеминација кога ви почнаа првите симптоми,денес ми е 5-ти ден од инсеминацијата осеќам тежина во гради и ептен слаби болки при допир,се плашам да не е знак за циклус оти обично пред да ми дојде 1 2 недели ме болат гради?
Јас останав бремена од прва инсеминација. Јас правев тест на 7ми ден бидејки нестрплива бев па ми излезе негативен ,утреден пак негативен и мн се разочарав...ам авеке од 7ми ден натаму почна да ми се гади многу и болка во гради,променливо расположение..повраќав ама дека тестовите негативни и мислев од некоја храна е . На 14ти ден пак направив два теста и почекав 2/3 мин и кога ги видоввв двете цртички не можам да опишам ,почнав да скокам хахах..Ви посакувам да ги видите и вие тие две цртички и не се разочарувајте,јас мислев дека нема да биде успешна инсеминацијата но ете прва и успешна
Dali ti se slucuvalo da imas bolki vo dolniot predel kako ciklus da imas i mene mi e prva inseminacija 9den ama osvem gadenje ovie 6 dena imam i jaki bolki od vreme na vreme vo dolniot predel duri mi se place od bolka i razmesani mi se emociite koga se smeam koga sum nervozna koga placam. P.S vcera napraviv test negativen
Jas od dvete primer cel den nema nisto i navecer kaj jajnicite jaka bolka kako da me bocka nekoj so noz
Кај мене тој месец беше неуспешна инсеминацијата, а кај пријателка со IVF истите симптоми имаше позитивен тест. Мислам дека не игра улога тоа, и многу е рано за осеќање нешто, опуштисе пробај да не мислиш само на тоа
Da ti kazam pravo se razocarav vcera od nestrplivost pravev test negativen ke cekam na 14ti pak da napravam ako pak ispadne negativen ke cekam dali ke mi dojde ciklusot na 16ti. Ama neznam sega cyclogest vaginaletki stavam imam do 15ti neznam dali ke treba da prodolzam