Честитки. Што убава вест. Одамна не сме слушнале за позитивен резултат од инсеминација, па дополнителна убавина од оваа вест. Гали мешко и уживај во бременоста.
Честитки сo леснo дa ти е ... Никoј не гo зaмaрaше без гaјле и нa тестoт се гледa втoрaтa линијa. Прекрaснo чувствo нели? Ајде сите дa гo дoчекaте oвa дa се исчисти oвaa групa, пa сите вo труднички муaбети дa се преместите
Фала на сите и сите да си дочекате,не се откажувајте и само напред!!! Ви ја пуштам целата среќа за две цртки!
Честитки!!!!! Девојки само што се вратив од кај Димитров!За тоа што добив на 11 ти ден после инсеминација ми рече дека е нормално ако не е успешна од 10-15 дена да се добие.Е сега за втората се одлучивме јули да се прави ради тоа што треба за во фондот преку еден месец.Ми вика после втората да поднесам документи за инвитро,он ќе ми пишел дека сум со една туба за да не ми бараат веќе инсеминации.Како си го кажуваат ова инвитрово како најнормална работа.Мене срце ми лета од страв!Што е најчудно бе ни малку да не ти дадат подршка за инсиминацииве и сега се мислам дали одбрав добар доктор.Сакам да одам во њу борн за да слушнам мислење од В.трановски викаат дека е добар со инсеминации,незнам еве што да кажам.Имате ли вие некое мислење?Кај нас не постои и некој голем проблем освен десна туба што ја немам....
@Lanic не знам зошто вака го разбираат Инф. Јас правев инсеминации на Гак, ама мислев дека е ГАК затоа имаат таков однос. Секогаш беше, абе за вучер им требат Абе не е за ваучер, за бременост е. Оди на консултација и кај Трајковски, и кај Ивановски, и кај Лазаровски, посебно ако си од Скопје, оди на друго мислење. Прашај ги за нивна проценка и како ја гледаат вашата ситуација. Така е најдобро.
Незнам стварно,место да ми речат тоа е последната опција...тие уште и можност ти даваат да скратиш природно.Сега земам телефонот и ќе закажам кај Владимир,и во систина за мислење.Ме утепаа со мислење после прва неуспешна инсеминација!
Ланич, не се нервирај. Закажи си кај други доктори и ќе видиш кој најубав впечаток ќе ти остави, каков муабет ќе ти направи и потоа ќе си видиш што и како и каде. Плус, ти одлучуваш за себе. Ти ако сакаш ќе си пробуваш природно и со инсеминации до кога ти сакаш.
Може ли името да ми го кажеш на Ивановски зашто сега се јавив и ми кажаа дека има двајца со такво презиме,Митко се вика овој?
Честитки имај лесна бременост. Мила бидејќи јас правев инсеминација на 01.06 и утре ми е 14 ден, знам дека ти тестот го правеше на 14 ден од инсеминацијата, ама мене обично циклусот ми трае 30 дена е сега незнам дали да почекам до недела или да правам тест, а немам никакви симтоми освен повремени болки сабајле и вечер во долниот дел, ти имаше некој различни симтоми од обично кога добиваш..поздрав