Mene mi e 12 den od inseminacijata,na 16 den treba da ispitam hcg,pa da vidime sto ke bide ovie denovi ke mi prsnat gradi no taka mi e I pred ciklus ne se nadevam mnogu
Ќе биде и тоа кога најмалку очекуваш. Болни гради и болкииии во стомак ми беа знак дека не сум бремена. Ама тестот покажа поинаку. На шала отидов на втора инсеменација, со надеж 0, со цел да соберам док за инвитро. Ама Господ имал друг план. Се ќе биде.
Прва и успешна инсеминација имам во Њуборн Кога најмалку се надеваш тогаш ќе биде, ни на крај памет не мислев дека ќе се фати од прва, ама ете терам 14та недела. Ќе биде, мораш да имаш надеж.
I jas site cetiri vo new born sega ja pravev poslednata pa se.nadevame.deka na dve crtki(iako nemam nekoja nadez)
Дали тестовите за бременост ги правевте со прва мокрача или во времето кога ви е правена инсеминацијата?
Фала ти . Заборавив да ја прашам тогаш докторката на гак, па сега ми текна, ај викам ќе прашам тука Срам не срам, да си прашам хахха
Тука ќе најдеш 98% одговори за прашањата што ти се на мисла. Нема ништо срамно. Ти посакувам две цртки за брзо.
Ќе видиме. Треба да правам на 23 август тест. И јас како тебе отидов со 0 надеж дека ќе биде првава инсеминација, ама па се придржувам кон се што ми кажаа. Маж ми повеќе од мене мисли дека ќе имаме две цртки хахаха... Како поминуваат деновиве, така нервоза ме фаќа повеќе
Ќе биде. И да не биде првата, ќе биде следната. После првата бев скршена на 500 парчиња. Се мразев себе и несакав да постојам. Ама се се случи тогаш кога требаше да се случи.
Zdravo naprajv treta insiminacija vo drzavna bolnica Dali nekoj imat napraeno sega brzo Dali bila za otpusnata lista mene mi rekoa demek vo Tek setembri ke bidet spremna .
Dali nekoj imat dadeno za vaucer so dijagnoza policisticki jajnic kolku insiminaci barat i ve molam kazete iskustvo pozz ♥️
Здраво на сите идни мами Јас имам едно детенце добиено од инсеминација, правена на ГАК. Оттогаш поминаа 2 год и сега 2 месеца пробуваме за второ, ама пак не фаќа. Ми касни 5 дена, правев тест - негативен. Инаку за првото, дијагнозата беше необјаснив стерилитет (не се сеќавам точно на правото име) - бидејќи апосолутно се беше во ред и кај мене и кај маж ми, така едноставно не сакаше, а пробувавме некои нецели две години. И реков за второ не се замарам ако бидне нека биде ако не веќе имам едно, ама еве пак сабајле ко видов негативен тест си поплакав Сега засега немам правено никакви испитувања, матичната ми даде само хормони да проверам, ама нели се прават трет ден од циклус а јас сеуште немам добиено. А стварно не сакам да го одам пак овој пат, знам колку е тежок. Дали на некој и се случило вака за второ?
Nie istiot problem go imame se vo red so dvata I nekje sega pravev 4ta inseminacija pa cekam za 10dena sto ke bide...