Лелеее кој станал мама? Колку ми е мило не можам да ти опишам, ако не се познаваме. Посебно зошто знам колку тежок пат си изодела. Честитки мама, да ти е живо и здраво, гушкајте и мирисајте се. Ова си мирисањево да не звучи creepy, јас уште си го мирисам моето иако 3 год ќе наполни. Нема поубав мирис на светов!
Фала ти Creepy или не, ама само ја мирисаме со мм. Мајка ми само вика по нас. Кај нив сме на гости и ја зема со неа во соба да спие, ние да сме одмореле. Абе кај ние можеме така. Се будевме цело време и само идеме да ја мириснеме и назад.
Минатиот месец добив на 1ви септември. Имав покасна овулација изгледа, и инсеминација ми беше на 20ти, и тие неколку дена до 23 септември ги водевме како плодни денови. Ми треба мислење ваше, кога најрано би можела да направам тест а да е релевантен? Ми кажаа на 10 ти ама не ми се чека, пробав сабајле, негативен беше.
Во Плодност на извештајот ми напишаа да направам тест 12 дена по инсеминацијата, додека мојата матична препорачава да се чека 14 дена. Штом си правела инсеминација на 20-ти, мислам дека најточен резултат би добила ако почекаш до сабота (5-ти) за тестирање.
Денес направив тест преку крв, не ми се чекаше ,негативен е. Денес е 14 ден од инсеминација.Тоа е, следен чекор инвитро.
Неколку инсеминации имам правено, некогаш земав, некогаш не. Инаку со извештајот дека е направена инсеминација, матичен може да ти даде 15 дена.
Денес направив втора инсеминација. Ми ја правеше д-р Калчовски, не ми даде никаква терапија освен фолна киселина и баш се зачудив да ви кажам право. За првата инсеминација користев вагиналетки Утрогестан, тие ми ги даде д-р Папастиева пошто таа ми ја правеше. А сега немам никаква терапија препишана за втората инсеминација. Баш чудно...
Јас денес правев тест 10 дена по инсеминација, негативен, кога Ви беше првиот позитивен кога сте имале успешна?
Знам кога се прави, ама ме интересира тие што почнале рано да прават тестови, кога им бил првиот позитивен, ако ја читаат темата Со среќа на сите што чекаат
Има од 6 дена па на даље што се добиле позитивен ама тоа не значи дека кај сите ќе е така, можеш секој ден д а тестираш па да видиш најрано кога би ти покажало ако е успешна, најдобро наутро да се тестира
Слободно пиши ми за се што ти треба и ја имаш најголемата поддршка од мамичка која сеуште не и се верува како ова чудо се случи ... еве сме 38+3 си ја чекаме принцезата