Пред да добијам циклус бев на консултсција и преглед кај Таше, ми даде шема по која треба да се водам. На трет ден од циклус почнав да пијам кломифен. После циклус бев на фоликулометрија и закажавме инсеминација. Процедурата ништо посебно, со катетар го вбризгуваат материјалот, ќе полежиш малку и тоа е. Таше ја правеше. Од терапија по инсеминација витамини и кринон гел. Успешна беше да, ама заврши со миссед. Секако тоа нема врска со инсеминацијата како процедура.
Ај да си пишам... Во петок одам на консултации за инсеминација... Малце ми дојде шок, зошто само прашав што ми е потребно и ми кажа дојди ќе закажеме се што треба... Инаку имавме намалена подвижност на сперматозоиди.. Пиеше терапија ама уште ништо Сега повторен ќе прави, па да фатиме уште од овој циклус. Иначе првото сега веќе 7 години, ни е природно...
Дали одма истиот ден после инсеминација почнавте со утрогестан или утредента не разбрав, мисла кажа сестрата утредента
Од наредниот ден ставав јас, кринон беше ама иста е намената. Можеш да и’ пишеш на сестрата ќе знаеш најсигурно.
Здраво девојки, инсеминацијата ми е утре, вчера се боцнав во 22 часот со стоп инекција, а утрово имав како исцедок некој бел. Некоја со вакво искуство? Малку имам нелагодност кај јајниците. Ми е страв да не биднала овулацијата.
Здраво на сите. Дали може да ми споделите искуство со инсеминација кај Др Таше во Плодност? Колку фоликулометрии прави? Дали бара дополнителни испитувања? Дали може да се направи инсеминација без испитано ХСГ? И секако дали имате позитивен исход од инсеминацијата. Ќе ви бидам благодарна за секое споделено искуство и било каков совет
Жал ми е што завршила со миссед. Дали др Таше ти бараше некои испитувања и колку вкупно фоликулометрии ти направи? И дали примаше стоп инекција и ако не ти е проблем да ми кажеш колку те фати инсеминацијата со сите прегледи. Ти благодарам
Јас отидов кај Таше со цела папка испитувања и немаше баш многу што да ми бара дополнително. Дна фрагментација немав па тоа ми го посочи и таму испитавме, друго не ми побара, ама јас веќе имав многу испитувања направено. За цена искрено не се сеќавам точно, ова пред година и пол беше. Околу 14.000 инсеминацијата од прилика, ама со оглед на тоа дека цените се нон стоп менуваат, најдобро е да се јавиш во Плодност да прашаш. Фоликулометрии 2-3, сите ги наплаќаат како преглед околу 4000 ден беше. Примив стоп инјекција. Искрено јас не бев задоволна многу од Таше, сам е, гужва страшна, тој нервозен. Непотребни коментари цело време од негова страна… не знам. Сепак тоа е мое мислење, не значи дека сите имале такво искуство. Се надевам дека колку-толку ти помогнав. Ако ти треба нешто друго слободно прашај.
Здраво, Да помогнам околу цените во Плодност. Во септември правев инсеминација кај д-р Таше. Фоликулометрија: 1800 Ехо: 2000 Стоп инекција (Прегнил): 2500 Инсеминација: 12000
Не знам дали може да се направи без ХСГ нека ти кажат членките,ама ако не се проодни јајниците,за џабе ќе правиш инсеминација,само пари и нерви ќе трошиш.
Се согласувам дека нема смисла да се прави инсеминација без претходно да се направи ХСГ. Подолу ги споделувам документите кои сестрата ми ги кажа дека ќе бидат потребни. Таа спомена дека не мора да ги доставам сите и ме праша дали имам ХСГ. Исто така, пред да ја направам првата инсеминација д-р Сотир не ми предложи АИХ без претходно да направиме ХСГ.
Вчера бев јас и др предложи прво на природен циклус без хсг ама зошто веќе имам зачнато природно и родено, сепак после одлучивме да направам за да не губиме време. Хсг, хормони, спермограм, брисеви не постари од 6 месеци. Седиментација и леукоцити да се под 10.
Ти благодарам. Дали испитувањата те тера да ги правиш кај него или прифаќа и резултати од други места?
здраво правев инсеминација, и имам грчеви во матка дали е нормално во среда правев а еве секој ден имам некој чудни контракции
Zdravo, dali sekoj doktor posle inseminacija dava vaginaleti ili toa individualno. Napraveno prva inseminacija ne uspeana a vo izvestajot stoese samo folna kislenina i dali inseminacija se pravi sekoj mesec ili se ceka
Вагиналети за што? Кај мене пишувало и утрогестан, ама не сум видела. Успешна беше, до мене лежи бебац скоро 2 месеци. Ако ти е за да собираш и за ваучер, мислам е преку еден. А ти ако сакаш, можеш одма нареден.