900 ден е инсеменација. Плаќаш после 2-3 месеци или кога ќе ја направат историјата. За инсеменација ти закажува доктор, откако ќе следите фолекулите. На кој ден од цуклус, зависи како ти растат фолекулите.
@Цвет88 Хсг на ГАК платив 900 денари кога го земав отпусното писмо со резултатите, а мислам дека ми кажаа и инсеминацијата толку чини.
Резултат е прва неуспешна инсеминација. 2 циклуси пауза и во меѓувреме да испитам генетски мутации и се останато. Со среќа на сите
Можеби ова е за друга тема ама ајде да ви се пофалам. После две неуспешни инсеминации на крај природно останав трудна На радоста и нема крај. После 12 дена доцнење решив да направам тест и ова е резултатот
Здраво феминки, еве и мене ме спремаат за инсеминација со тоа што ми препишаа кломифен, па пијам веќе втор ден но осекам така тегоба кај јајниците. Како тегови да ми натежнуваат на јајниците. Дали има некој искуство да сподели со овие апчиња и дали се тие штетни? Вака многу ми е страв дали ќе успеам да издржам да ги допијам 5 дена
Пиев еднаш, ама немав некоја тегоба. Е на мене ми направија хипер стимулација, грешка на др што не пробавме еден месец како ми растат природно фолекулите. Сменив др и успешна приказна имам.
Здраво, Не се грижи, нормално е. Секако дека не е препорачливо секој циклус да се користи стимулација и важно е да ги следиш препораките од докторот. Јас имав два последователни циклуси со стимулација за инсеминација користејќи Кломифен. Во првиот циклус моравме да ја одложиме инсеминацијата бидејќи имав фоликули само на страната со затворениот јајцевод. Нормално е да чувствуваш блага тегоба – јас чувствував многу блага тегоба кога ги примав а и имав непријатност по стоп-инекцијата. Обиди се да останеш смирена..Додека дозите се умерени и под надзор на доктор, не се оптоварувај со можните ефекти од лековите. Ти посакувам многу среќа и успешна инсеминација!
Да. Имав и имам уште фолекули, што растат убаво и стимулација ми прави проблем. Втората инсеменација ми беше без кломифен, преубави фолекули и само стоп инекција добив, за да биде точно темпирано време за процедурата.
ok mi gi merea folikulite mi bea vo zadovolitelna golemina no dopolnitelno mi prepishaa estradiol da pijam 5 dena. Dali nekoj ima iskustvo so ovie apcinja da spodeli?
@Rozevata проодност на каналите ми побараа мене кога требаше да правам таму, хормонски статус и спермограм за сопругот.
Здраво девојчиња, мамички и сите што си ја посакуваме најголемата среќа. Сакав да ве прашам колку години имавте кога прв пат ја направивте вашата инсеминација ?
Мене ми побараа само упат од матичен гинеколог и инфективен скрининг за сопругот (дека е негативен на хив, хепатит итн).