Здраво на сите, минатиот месец имав инсеминација (неуспешна). Овој месец, точно на 15 и 16 ден од циклус имав розев исцедок. Тестирав дома овулација и рез. беше негативен, според апликацијата би требало да ми е задутре (18-ти ден). Дали некоја од вас има слично искуство?
Не ја гледај апликацијата, не е секогаш така. Кај мене секој месец беше на различен ден, еднаш 10, 15, 18.. И неможев да ја фатам со тестови 2 месеци. Само со доктор следење фоликули од 7-10 ден еднаш и после ако се мали идев на 14-16 ден и ако беа големина пример 18-20 мм знаев дека за ден два овулирам и стварно тој период зголемен исцедок како полигав прозирен и позитивен тест за овулација . Ама ниедна овулација не ми беше иста еден месец ќе осетев болка друг месец ништо посебно. Така да само со доктор. Сестрами идев со неа на следење овулација и три месеци по ред на 13 ден како часовник. Секој е различен
Девојки Имам уште едно прашање за инсеминација на ГАК. Дали мораме двајцата да се појавиме сабајлето или само сопругот дур го остава примерокот па јас да отидам подоцна? (После 2 часа како што ве читав)
Додека маж ти остава примерок, ти ќе си отвориш историја. Едно кафе ќе си испиеш, доручкувај да ти помине време и ќе се вратиш. Сепак ти ја правиш инсеменацијата. Ако идете накај 10ч, сврти круг во Рамстор или Дајмонд и поминало време.
А резултати од хсг они се јавуваат, јас ги прашав кога рекоа за две недели рез, викам вие ќе се јавите, да и толку. Да не испадне да треба да одам утре а да не се појавам.
Каде да најдам прегнил стоп инекција? Ја имаат само алтернативата Овитрил во систина и ремедика. Има разлика?