Ако примаш и стоп инекција, ќе ти ја темпираат да биде петок или понеделник. Па и без таа инекција би било исто. Мене првиот пат ми ја темпираа петок да биде. Ќе ти следат фолекули како растат и ќе ти кажат. Ти посакувам многу среќа.
Дали е возможно од сите хормони што се примаат при инсеминација (кломифем, естрофем и овитрел иекција) доколку не е успешна да дојде циклусот порано?
Zdravo, koga najrano moze da se napravi bhcg, posle inseminacija? Dali e vozmozno da ne cekam 2 nedeli?
Devojki imam vaginalen bel iscedok koj posle sushenje se pretvora vo mnogu mnogu nali grutki, t.e ronki, da ne znae nekoj kakov "znak" e voa, za ciklus ili bremenost? Nekoj so slicno iskiustvo
Не, со сигурност. Никаков мирис нема ниту болка. Буквално преку цел ден осеќам влажност. Ова се случува веќе 2,3 дена, а утре ми е терминот за недоаѓање
Ete toa cekanjeto... Ubiva.. pa pomisliv nekoj da spodeli bilo kakvo slicno iskustvo-nadezno ili razocaruvachko
Девојки да пријавам прва неуспешна инсеминација, ја правев на ГАК. Задоволна сум од целото искуство, сите беа пре позитивни, поминав многу океј. 2025 година ќе биде наша на сите што сме во исчекување. Ви посакувам многу МНОГУ среќичка и што по скоро да се израдуваме.
Женски што треба за инсеминација освен брисеви и пап тест ? За на приватно? Имам направено и хсг ама резултатот ми е делумна проодност и на двата канали. Дали би правеле некаков проблем бидејќи не се скроз проодни?
@princessgirl47 мене првата инсеминација ми беше со делумно проодни канали имав адхезии и беше неуспешна и по препорака на докторот направив хистеро-лапаро.
Здраво на сите, овој месец планирана ми е втора инсеминација... првата ми беше со кломифен и имав доста несакани ефекти но и фоликулите ми беа 20 мм... овој пат сум на летрозол, не ни осетив некој несакан ефект и ми е страв дали воопшто имал ефект лекот. Иако утре ми е контролата на лекар за утврдување на ден за инсеминација и ќе видиме на лице место... сепак сакав да ве прашам дали некоја од вас има слично искуство?
Каков несакан ефект си имала? Инаку фолекулите 24 ми беа кога правев инсеменација. Треба да се убаво пораснати.
од Кломифен имав главоболка, вртоглавици, како нагон за повраќање, и сл... сега со летрозоле скроз друга приказна.
За лек да има ефект, не очекувај негативни ефекти. Едноставно кломифенот, не ти го поднесува желудникот, а не дека немал ефект таму кај што треба, а тоа се јајниците. Фолекулите треба да растат и да имаат убсва големина, за инсеменација.