Здраво дали е нормално денес ми е 4 ден од инсинимација боки во градите имам од време ма време стомако ме боли и сега кога бев во тоалет се бришам излегува од мене како белка од јајце густо можно е сега да овулирам или е нормално тоа прва инсиминација ми е и затоа сум во паника фалави многу имајте убав ден
Нема што да очекуваш, тоа е тоа, таа е процедурата. Јас искрено ништо не очекував. Генерално на Гак се ок. Ќе ти објаснат се. И тоа е тоа
Здраво, Јас би рекла дека успехот на инсеминацијата не зависи од докторот, но секако одбери си доктор на кој ќе му веруваш... Не можам да споделам лично искуство со инсеминација во NewBorn, но воопшто не се грижи – постапката е навистина едноставна. Инсеминацијата ми беше полесна од земање брис и може да се изведе во природен циклус или со стимулација (Кломифен/Летразол). Во зависност од одлуката на докторот, најчесто ден пред постапката или 36 часа порано се прима стоп инекција. За време на процесот, ќе имаш неколку прегледи за следење на растот на фоликулите и дебелината на ендометриумот. Доколку си на стимулација, можно е да ти препишат Естрофем. (Да не дојде до танчење на ендометриумот) Најважно е што сигурно веќе сте ја провериле проодноста на тубите. Дента на инсеминацијата, партнерот остава материјал за обработка (во Плодност гледам дека имаат можност и со Zymot). https://www.facebook.com/share/p/19tzBC7CJK/ По неколку часа, кога материјалот е подготвен, докторот го вбризгува во матката, а потоа може да ти препишат Cyclogest или Дабростон како прогестеронска поддршка. Ти посакувам успех!
Како што ти пишале членките, околу процедурата нема што да овертинкуваш, трае кратко и тоа е тоа. Јас имам правено инсеминации и на ГАК и во NewBorn и во Систина. Искрено ок беше искуството на ГАК, таму дури најдолго ме оставаа да лежам после интервенцијата. Newborn месецов рекламираат попуст (14.400мкд), инаку и тие имаат Zymot техника за обработка на спермата, но така е поскапо. Ти посакувам среќа.
Јас правев на гак во јануари на природен циклус и беше неуспешна но од персоналот и услужливоста сум многу задоволна. Со среќа
Zdravo na site dali ste imale insemenacija kaj doktor Tatijana od New Born i kako ste zadovolni? Treba da zakazam termin denovive pa me interesira vase iskustvo.
Здраво девојки денес ми е 9 ден од инсиминација сабајле на прва мокрача направив тест сакав да видам што ќе излезе и ако знам дека е рано излезе многу бледа линија дури едвај се гледа да почекам уште некој ден или да се јавам кај гиникологот мислам дека е рано од синтоми само болка бо градите и од време на бреме како тегови во стомако имам еве го тестот во паника сум скрос
Како што читав погоре, и стоп инекцијата може да даде ваков резултат. Почекај до 14 ден и напрај бета.. Рано е многу. И нема зошто да си во паники, за убаво е. Ти ја пуштам цела среќа да е вистински втората цртка.
Не брзај со тестови. Чекај 14 дена да поминат. Јас на 22 ри лани правев. Се исртчав да направам порано и се разочарав. На денот за добивање , направив уште еден тест, за сигурност дека не сум бремена и оп две цртки искочија. Нема паника. За убаво е.
Јас правев инсиминација во Германија зато и ме буни во Македонија стават стоп инекција и прават по неколку сати инсиминација а мене овдека ми направија прво инсиминација и потоа одма ми ставија инекција
Стоп инекцијата е за пукање на фолекули. Спермата живее доволно долго, за и после инсеменација да примиш стоп инекција.
Имам 6 инсеминации правено, само два пати на денот на инсеминација ми провериле дали е пукнат фолекулот, ако мислиш на тоа. Не те сфатив баш што ти е прашањето.
Два пати имам направено инсеминација (неуспешно), и ехо ми правеле само после терапијата со кломифем/летрозол + гоналф70/100 (различни терапии имав во секоја инсемијација), а после стоп инекција не ми правеле ехо.