На сите го препишуваат, плус фолна киселина. Јас пиев метилирана фолна, уште пред бременост. Ако ти е препишано, земи и ставај.
Денес направив инсеминација и ми дадоа Кринон гел, мислам дека така се викаше. Сум примала Утрогестан, а Кринон не досега. Ќе ве замолам за искуство ако некоја од вас го користела?
Јас користам кринон гел од позитивен тест еве веќе сум 24 недела.Лесен е за користење јас пред спиење го ставам .Имаш апликатор нежно го отвараш со вртење на капачето и пополека го внесуваш.Да знаеш некад ќе имаш како парчиња бели како (урда така ме асоцираат) нормално е да не се плашиш или водест исцедок зголемен. Гледам да не мокрам барем 1час од како ќе го ставам кринон гелот.
Zdravo da prasam ako vo sab vo 19:00 e pregnyl stop inekcija primena, dali e vo red vo pon vo 2 da e inseminacija ? Falaa pozz
Мојот доктор сакаше да биде пукнат фолекулот во време на инсеминацијата. Тој пука од 24до48 часа после стоп, просечно 36h. Јајце клетката живее до 24часа откако ќе излезе од фолекулот. Ако не сте со проблеми во спермограмот односно ако доктор не ви препорачал посебно колку дена апстиненција да има партнерот, вие покријте со односи во сабота
Апсолутно, само што нејзе и е закажана инсеминацијата 43 часа после стоп инекција и најдобро според мене е да покријат со односи во сабота (инсеминацијата и е понеделник во 14h) за најдобри шанси. Така би имале 2 дена апстиненција. Доколку спермограмот е со некоја дијагноза обично докторите нагласуваат точно време колку да апстинира мажот.
Здраво девојки, Може да ми кажете дали е болен процесот на инсеминација и инејекцијата која се прима?
Ништо не е болно од двете работи. Инекција како инекција. Инсеменација си како на гинеколошки преглед и ти ставаат со шприц од примерокот, не боли ништо.
Здраво, Имам пишано и претходно, пред некоја страна, според мене постапката навистина е едноставна, а може да кажа и полесна од земање брис... Може да се изведе во природен циклус или со стимулација (Кломифен/Летразол). Во зависност од одлуката на докторот, најчесто се прима стоп инекција 24-36 часа пред постапката. Јас ја примив кај сестрата и не почувствував ништо непријатно... За време на процесот, ќе имаш неколку прегледи за следење на растот на фоликулите и дебелината на ендометриумот. Ако си на стимулација, можно е докторот да ти препише Естрофем за да се спречи потенцијално намалување на дебелината на ендометриумот. Најважно е пред инсеминацијата, да си проверите проодноста на тубите.(сигурно веќе имате направено хсг) На денот на инсеминацијата, партнерот ќе остави примерок за обработка (во Плодност, Систина и New Born имаат опција и со Zymot). По неколку часа, кога материјалот е подготвен, докторот го вбризгува во матката. Потоа, можно е да ти препишат прогестеронска поддршка, како Cyclogest или Dabroston. Ти посакувам успех!
Здраво девојки само сакав да ве известам дека тестот беше лашно позитивен оти го направив порано денес еве повторно правам на 16 ден негативен е првата инсинимација не е успешна ама нема откажување одиме на втора со Господ напред
Да ама не во Македонија него во Германија оти тука живејам и мислам дека се малце подобри од кај нас овде можеш до 8 инсимимаци да имаш ама сите прават до 5 максимум се надевам дека и до 5 нема да стигнам уште не ми е јасно како не успеја цела постапка беше супер дури и докторката беше изненадена ама така требало да биде одиме пак