Честитки со лесно да си ја износиш бременоста, каде ја правеше инсеминацијата, кај кој доктор.Ако не е тајна
@em4e_baby @fina erika Инсеминацијата ја правев Систина кај Митко Ивановски кај него одам од почеток. Ви благодарам на сите за честитките да се враќа кај сите ви ја пуштам целата среќа да си видите две цртки
Јас сакав од септември во Систина само се двоумам. Дали Слободан Лазаревски или Митко како се закажува кај Митко Ивановски има ли некој друг број или на централата што е на странат на Систина. Извини ако ти досаѓам само да се упатам
@fina erika Јави се во систина и ќе му кажиш кај кој доктор сакаш и тие ќе ти дадат број од сестрата и преку неа ќе договориш само прво треба испитувања да направиш пред било која процедура да ја почнеш јас сите испитувања проверка на канали ги направив пред да правиме инсеминација.Поздрав ако имаш нешто нејасно слободно пиши.
Ти благодарам многу ги имам сите испитувања направено само сакав да го сменам докторот па барав искуство.Една неуспешна во РЕ медика па сакав да сменам
Девојки можи прашањево ќе ви биди глупаво , пролистав набрзаке низ постовите , не најдов . Инсеминацијата се прави под дејство на анестезија?? И ве молам кажете ми колк чини во Систина ? Јас правев хормони ХСГ мм спермограм . Се е ОК. Е матката ми била повиена . Па ако не биди за некој месец , пошто веќе годин дена пробуваме. Ќе идам на инсеминација , здравје. Ви благодарам !
Не мислам. Може постои опција за анестезија во приватните клиники ама како што знам (не од лично искуство од што ми кажувале блиски мои) тоа не боли воопшто и нема потреба. Со среќа.
@Lady Leona инсеминација е како земање брис за пап. Сериозно, ништо страшно и не е воопшто болно. Нема зошто да прелистуваш, тоа е една многу многу едноставна метода за оплодување.
Ок . Не дека сум за безболност . Не ја знам процедурата . Сега веќе од прилика имам претстава . Жените се создадени за издржливост. И трпеливост . Фала мили мој . Успех
Ме интересира колкави се шансите за успешна инсеминација со дијагноза на спермограм олигозооспермија? Дали има некој позитивно искуство
Не ништо. Почетокот на септември го направи спермограмот, ноември имав позитивен тест. Правеше во плодност каде што ни рекоа дека шансите за инсеминација се многу мали да одиме директно на ин витро. Ама бидна природно.
Искусни девојки помагајте!На 16 август правев трета инсеминација,е сега од 18 август докторот ми рече да почнам со дабростон 2*1.Вчера 13 ден од инсеминација имав вечерта на бришење кафенко со црвено,денес ништо.Мабетот ми беше прошлиот пат кога правев инсеминација исто пиев дабростон и од кога ги завршив сите апчиња 30,за две недели после 2-3 дена добив така пишува и во упаството.Како и да е ќе му пишам на докторов за да знам дали да продолжам да се трујам со апчиња...
Утре ми е две недели после инсеминација,на извештајот што ми го дадоа ми пишува после 21 ден,на 7ми септември да правам преку крв највројатно покасно ради терапијава
Сакам да слушнам ваше искуство за Др. Дракулевски во врска со инсеминаџија. Една блиска правеш инсеминација кај него со нередовен цисклус и хормони. Остана бремена од 1ви пат после 5 години во брак. Денес закажав прв преглед во среда кај Дракулевски. Искуство со Др Дракулевски за инсеминација (Систина Скопје )?
На моја познајничка што долго немаше деца од прва инсеминација кај него и фати. Потоа за второ се обидуваше по 3години и не и успеа. Рече скапо и е приватно со тоа окуолку 12000дали ми рече и се откажа.
За скапо знам дека е. Моја познаничка платила 6000 ден кај него. Но кога станува збор за бебе се ќе направиме. Парите не се толку битни.
@minneymouse82 кога правев прва инсеминација на ГАК (900 денари), на девојката која правеше со мене, од прва и се фатија близначиња, машко и женско. Никогаш не се знае. Чекам во брзо време да се пофалиш со II