Здраво, Дали некоја има правено инсеминација кај д-р. Симонида во Ремедика и дали е задоволна? Благодарам
Некоја со искуство инсеменација со донирана сперма, сега не гледам ни ценовници по установиве, за све треба да се јавуваш да ги прашуваш, па ти нудат за тебе специјални цени...
Некако лесно ѓи прифаќам негативните тестови сега за сега но се запнав една по друга иуи сега планирам да одморам до Март. Ти до кај стаса стискам палци за успех
Јас чекам уште денекој ден денес 13 ден од прва инсиминација, бхцг ми рекоа на 21ви ден ама јас планирам викендо да направм домаше тест па се надевам на позитива
Може ли да споделите искуство за тие што не сте од СК, на кој начин закажувата инсиминација на ГАК, каде одете на мерење фоликили кој ви дава терапија за стимулација, стоп инекција ?
Чекај преку месец. Се надевам овој месец ке ја напрајме, бидејки претходен се одложи па ке те известам.
Да прашам, за инсеминација на ГАК матичната дава упат и одиш кога ти е времето така? Не се закажува термим однапред зошто нели не можеш да знаеш точно кога ќе имаш овиулација. И ако може некој да сподели искуство од ГАК? Веќе почнав и на оваа тема да размислувам па дали е океј опција ГАК или да гледам директно за на приватно?
Матичната ти прати раст на фолекулите и те праќа на Гак. Таму одиш од сабајле, сопругот остава примерок и чекаш два саати, да се обработи и влегуваш. Цела постапка е една минута и после лежиш некои 20 мин. Процедурата е иста и на Гак и во било која приватна болница, освен цената. На Гак е околу 1000 ден. Приватно околу 15000 ден. Јас лично сум задоволна и за второ дете, би идела пак таму, ако не бива природно.
Фала ти на одговорот, а можеш да закажеш кај одреден доктор или кок ќе биде дента на смена тој? И дали треба претходно некои испитувања плус да се прават или има некој услов кога можеш да одиш со инсеминација?