Кај Калчовски требаше, ама заглави на операција и некој друг беше, ама појма немам кој. Испитувања си имав направено пред тоа. Како хормони, пап, проодност на канали.
Девојки дали кога правите иуи,правите и пауза од месец или два? Ме интересира на колку време ја правите. Мене првата ми беше ноември, втора во декември, а сега трета во февруари ја планирам здравје боже. Со еден месец пауза.
Здраво девојки, ви се приклучувам и јас во темава со една неуспешна инсеминација. За време на првата инсеминација го минував времето во оваа тема, позитивните искуства ми даваа надеж дека сите ќе успееме. @Nikolja. јас не сакав да форсирам веднаш. Првата ја правев во Ноември, втората ќе биде најверојатно следната недела. Во петок имам мерење на фоликули, очекувам за понеделник да ми закажат.
Јас кога правев пред 5год одев преку 2м а сега некако ја запнав работата но овој пат одлучив 1м пауза. Не ми се за ваучер,се надевам на успех се надевам нема да ми требат
Секоњ прашање ти е за кој каде правел Треба да ти се погоди точно време а сите од секаде имаат и позитивни и негатицни мислења.
Женски некој да не прави инсеминација деновиве да се дружиме нека ми пише.. Исто сакав да ве прашам која стоп инекција најчесто се користи и дали ја ставаат интра мускулно
Правев инсеминација пред 2 дена, после 1год пробување. Све е испитано и кај мене и кај сопругот и резултатите ни се супер. Единствено нешто што ме мачи е - јас пред секој циклус имам кафеав исцедок со гоодини. Гинеколозиве ми кажуваат дека тоа не е проблем ама шо знам, некако се измачувам со мислата дека можеби тоа е знак за некаков проблем... Исто така, некаде прочитав дека за забременување е мн битен и витаминот Д. Направивме испитувања и и јас и сопругот имавме екстремно ниски дози. Сега и двајцата земаме веќе 2 месеци иако докторот некако ми го занемари овој податок. Прашањето ми е - дали би можеле да ми препорачате др кој посистемски пристапува на неплодноста? ( за во случај да не ми успее инсеминацијата, да си имам план Б )