Па очигледно немаш проблем со забременување.Така да не гледам потреба од инсеминација.Дали имаш некакви испитувања направено.Генетски мутации,тромбофилија,септум случајно?Треба да се најде причината за биохемиските
Имам направено,мтхфр хетерозигот сум, терапија примам,хормони ок, пап, брисеви... но некои од докторите почнуваат да предлагаат да се проба со инсеминација
Istiot slucaj beshe i kaj nas, napravivme 4 inseminacii za zhal site bea ne uspeshni. Razgovaraj so doktor dali treba na napravite kariotip i dvajcata, nie posle toa ispituvanje imavme uspesno ivf od prva
И кариотип имаме правено, се е во ред и тоа... јас инаку имав два спонтани, после спонтаните отстранив септум, па имав една успешна бременост без никаков проблем и сега за второ кога пробуваме се случија 3 биохемиски...
Ништо женски, мојата прва инсеминација не е успешна и сум многу разочарана. Наредно планираме во Newborn. Од кој др таму сте задоволни и колку кошта инсеминацијата?
Јас правев кај др.Татјана Гружанова одличен однос има, цената во јануари беше 18.700 + 2.100 стоп инекција. За жал мојата беше не успешна .... сега планирам на ГАК за втора... ради финансии....
Здраво женски Лапароскопија имав месецов и амх ми е на граница 1.27 вредност… По препорака на докторите ќе почниме со инсемијација следниов циклус заради Амх Ве молам за искуство со волку ниска вредност на 30 години. Иначе имав една биохемиска бременост пред две години и од тогаш ништо… Ми значи вашето искуство Поздрав
Здраво, Имам аплицирано за ваучер од фондот за инвитро, поради машки фактор- варикоцела. Иако сите гинеколози и уролози ни рекоа дека треба директно на ин витро и нема поента од инсеминација, сепак од фондот ми бараат две инсеминации. Ме интересира каква е процедурата за инсеминација, дали треба да примам некаква терапија претходно или како што сфатив од некои коментари на форумов, само да ме следи матичен гинеколог па штом фоликулот е доволно пораснат, ме закажува за инсеминација на ГАК? Инаку не сум од Скопје.
Може да ти препише некоја терапија за стимулација матичен, ама ако мислеш дека нема поента тогаш мое мислење следи само фоликули со матичен и оди дирекно на инсиминација. Преку еден месец треба да ти бидат за ваучер. 900 денари се наплакаат на ГАК
Фала ти на одговорот па доколку имам таква опција би било супер ако можам уште овај месец да правам инсеминација без стимулација. Сепак ќе видам што ќе ми каже гинекологот,, не стигнав да се консултирам бидејќи вчера го добив одговорот од фонот.
За инсеминација, доколку си на природен циклус, само се следи растот на фоликулот со ехо. Кога ќе достигне околу 18–20 мм, се дава „стоп“ инекција за овулација, а по 24–36 часа се прави инсеминацијата. Исто така, ако веќе не сте направиле, обавезно проверете и ДНК фрагментација на сперматозоидите.
Мојот матичен гинеколог одлучува дали ќе бидам на природен циклус? И дали се наоѓа лесно термин за инсеминација на ГАК? Инаку немаме проверено ДНК фрагментација.. на приватна клиника каде што сакаме да правиме инвитро ни рекоа дека штом има варикоцела автоматски сметаат дека има ДНК фрагментација и нема потреба да испитуваме.
Мислам дека докторот што ќе ја прави инсеминацијата одлучува дали ќе биде во природен циклус или со стимулација – барем кај мене беше така. ( инсеминациите ги правев во Плодност) Доколку сметаат дека има повисока ДНК фрагментација, добро е однапред да разговарате со докторот за методите што би ги користеле при ИВФ. Кај нас, поради висока фрагментација, ни препорачаа МАКС метода.
Ахам, значи сепак игра улога ДНК фрагментацијата при ИВФ. По ова што читам на интернет МАКС метода се препорачува и при операција за варикоцела, што значи можеби и нас би ни го препорачале истото. Фала ти за сугестијата
Среќен празник дами. И ние имавме дадено документи за инвитро со една инсеминација, машки фактор. Минатата недела ми стигна одговор на емаил од фондот ни бараат уште една инсеминација. Ја планираме овој месец почнав со летразол па кон средината на месецот ке ја направиме.