Имам блиски што и на приватно правеле инсеменација. Постапката е иста. Чекањето е исто. Ама секој со свое мислење.
Ама проблемот кај мене е што воопшто не доаѓа до бременост. Нема бременост. Не сум имала абортуси до сега. Докторот рече ептен занемарливо е и не е никаква индикација да мора да се прави хистероскопија. Рече ако не бидат успешни инсеминациите тогаш да се прави тоа.
Инаку знам дека и Тофовски и Трајковски се супер професионалци, разликата е што едниот е на приватно, а другиот на клиника. Затоа прашав каде има поголема успешност. Не ми значи дали ќе бидам на во поубава болница или не.
Но можеби и заради тоа не доаѓа до бременост, може септумот смета да се имплантира и сл. Да појдеш и на уште некое мислење? Димитров е стварно многу стручен за вакви работи.
Ќе појдам и кај Тофовски на консултација, наредна недела. Веќе сум очајна, се е во ред. Имам еве и доминантен фоликул, наредна недела ќе одам пак да го видат, спермограмот не е толку лош, хормоните ги средив. Пиеме витамини и двајцата. Пијам и аспирин. Не сака и не сака да бидне.
Маж ми пиеше и ашваганда, као демек добро влијаела на подвижноста на спермата. Истиот месец забременив од кога почна да ја пие, не знам дали имаше врска. Не сме пробувале со месеци, релативно брзо забременив со првото, второво пак од прва, уште сум во шок а сега 7ми уште малку влагам. Се надевам дека за брзо ќе ви се исполни желбата, ти посакувам две цртки.
Септумот прави проблем затоа не доаѓа до бременост. Јас за џабе правев 2 инсеменации пред да го отстранам септумот. Скоро 800 е фрлив. Исто мн е битно и хсг да направиш доколку не си направила.
Направив. На хсг пишува дека имам уреден наод. Тоа го виде рентгенологот. Сега гинекологот ми вика имало минимален септум од тоа што ја гледаше снимката (хсгто) речиси е сигурен дека не треба да прави проблем, тоа не било индикација за да се направи хистероскопија и за да се сецне. Ќе ја однесам секако снимката и на друго мислење. Фала ви на сите <3
Ако одиш кај трајковски и го види септумот одма ќе ти каше дали е за отстранување. Така беше со мене. Но по други држави гледам дека не оставаат на случајност, се прави обавезно хистероскопија (пред ИВФ) ако има некакво септумче.
Точно така и не само тоа ете кај мене беа 3 полипи одстранети, за кои не знаев дека постојат. Кога прашав зошто не биле откриени на ехо ми кажаа дека биле на места каде што ехото не фајќа. Благодарение на тоа што се нафатив за одстранување на септумот беа и тие откриени и одстранети. Така да камера е камера. Немој да се плашиш јас одма после зафатот сама си се преместив од операцион на болнички кревет. Заб да поправаш повеќе боли.
Здраво, јас правев прва инсеминација денес со два фоликули и 30милиони подвижни сперматозоиди. Има ли некој позитивно прво успешно искуство?
Здраво девојки Наредниов период ќе правам прв пат инсеминација во њу борн па имам неколку прашања, пред инсеминацијата треба да се направи преглед( ќе бидам во циклус) што опфаќа прегледот? знам дека треба да носам се од испитувања што имаме правено.Дали пред - после инсеминација смее да се има односи со обиди?Какво искуство имате со др Хаџи Лега? Поздрав
Јас имам 4 инсеминации кај сите во newborn, за жал беа неуспешни… првиот преглед е во циклус, после мислам дека на 2,3 дена се оди за мерење на раст на фоликулите. 36 часа пред да има овулација ќе ти дадат стоп инекција, за ова се ќе те води докторот, ќе ти кажува што и како Они и самите препорачуваат односи истиот ден, и деновите после тоа бидејќи овулацијата е веќе настаната. За терапија после тоа кај секоја е различно, најчесто знаат да дадат циклогест вагиналети (прогестеронска поддршка). Јас после сите четири инс. циклус добивав на точно 14от ден од овулацијата, додека кај некои знае да има и доцнење. Во припцип не е страшна или болна процедура.
Прашањето ви е на место истото сакав да ја прашам Др. Татјана од Њу борн. Жената кога и да одев се понашаше како прв пат да ме гледа. Ни памтеше што сум кажала, ни пишеше. 2 години изгубив надевајќи се дека кај неа ќе биде нешто. Анонимна сум затоа така. Да бев некоја позната ќе ми дадеше и мене визит картичка со нејзин личен телефонски број. Се сум видела во овие 5 години борба за потомство. Анонимните како мене мора да се мачат. Да си некоја влијателна особа се ќе се среди за час. Ретки се исклучоците на кој им симнувам капа. Еден од нив е и доктор Димитров.
Kaj nas e neobjasliva neplodnost pa ni preporaca vladimir da se napravi toa da se vidi.... na insemnacija imavme 98% podvlizni i pak nisto i zatoa ni preporaca