Процедурата е многу слична со гинеколошки преглед, така што нема ништо страшно. Докторот мене ми рече дека после тоа може нормално да продолжам со денот, но јас двата пати не се вратив на работа и гледав помирно да го поминам. Дури и односи со партнерот се препорачани во тој период.
Нема никаква болка за време на инсеминација исто како брис кога ти земаат, спекулумот го осеќаш друго ништо Среќно
леле, многу жалам, јас до понеделник треба да знам, исто 2ра инсеминација, ако не добијам уште во недела не сакам да мислам на тоа овој пат, првиот се надевав и постојано бев во мисли дали ке успее, сега не.... некако отрпнав на неуспеси... а и овој месец качив некое кило, па ако добијам од понеделник сум на диета барем следните 2 месеци до наредната инсеминација продолжуваме понатаму, морада се оди до крај
многу ми е жал ......... ајде со нови сили понатаму ќе не огрее сонце во најбрзо време !!!! послем дож иде сонце
ништо... 2 дена порано добивам се уште не е крв, ама розеникава течност, што значи до вечер ке си дојде како што треба... ништо од инсеминациите, гола вода се туку мора 4 неуспешни да имаме за да одобрат документи за инвитро... таа е, нажалост
Navistina mi e zal Volsebna .......... Tolku mislev deka ke imame pozitivni rezultati... Sega neznam dali jas da odam na vtora
на државо или во приватни болници правите инсеминации? мене месецов ми се падна во викенд овулација ама и онака овој месец скокавме инсем, туку се прашувам што ако и нареден пат падне во викенд на државно сабота- недела не прават
Јас во Систина ги направив двете, двата пати беше петок Не знам како оди со викенди, мислам дека ги прават.
јас ги направив двете во Ремедика, кај др Хаџи Лега, ама планирам следните 2 да ги направам на државна клиника, и онака мали се шансите за да се успее со нив, а на приватно се едната 8500, со прегнил 9 000, незнам колку се на државна клиника, само се плашам да не ми биде овулација викенд, пошто нели не работат... сега ке паузирам и од кломифен и од инсеминација па наредниот месец одиме понатаму
Волшебна случајно со една девојка зборував која во Плодност имаше 2 успешни инсеминации ама за жал заради мембрана која подоцна и ја открија имаше спонтани, инсеминациите и ги правеле после 12 часа од Прегнилот демек подобро смерматозоидите да чекаат внатре отколку обратно Јас една имам правено по 30 саати од прегнилот и ехо не ми направија пред самата постапка. Па сега кога ќе правам 2ра (се мислам кога не сум одлучила) ќе им предложам порано да ми ја направат
Јас правев инсеменација во вторник во систина,ова ми е втора резултатите на маз ми од сперма беа 6 мил а првиот пат 2 мил.Дали со 6 мил да имам надез бидејки првиот пат бесе мн малку мислам дека 6 е доволно ве молам за брз одговор
Мислам дека не би ти правеле инсеминација ако нема надеж за спермата. Секако 6 е подобар резултат, со среќа! Јас ќе правам четврта (и последна мислам) месецов или јануари, зависи како ќе каже докторот...
neznam, mene mi rekoa pregnil да примам пред инсеминацијата, за после тоа не сум слушнала, а сега се надевам дека пред нова година ќе можеда ја направам и третата, ќе пробам овојпат на државна клиника, ако се погодат плодните денови викенд, одам пак на приватно, не ми се губи време
Драги феминки долго време ве следам сега и јас да ја казам мојата приказна.имав една неуспесна инсеменација ја правев во систина ,сега вторава ја праврв на 3 декември знаци за некој ден треба да видиме резултат.кај нас проблемот е во спермата т.е првиот пат имасе само 2 мил а сега 6мил незам дали да се надевам со 6 мил.и ве молам за одговор дали некого го болеле градите исто како пред доаганје а да не му досло туку 2 цртки.
јас овој декемвриски циклус почнав со кломифен+естрофем и четвртокот докторката понуди за викендов инсеминација наместо да не пушти природно и се бевме договорени додека маж ми не се премисли со изговор да не му ја злоупотребат спермата да ја пуштат во банка за сперма...па се уплаши и дека ќе ни ја замешаат спермата со друг донатор....не знам дали има можност и само природно,искуство некое вакво,нека пише кој има???
После инсеминација не се прима прегнил туку претходно фолекулите да пукнат, да не не ме разбра погоре пишав девојката 2 успешни инсеминации ги направила 12 часа ПО прегнилот.
ОхХХ мажи мажи само глупости им се вртат во главата, јас правев во Септември инсеминација и мажот ми истото го помисли зошто после него влезе друг да остава примерок па се напнавме цел ден максимално наместо да се опуштиме, се додека не најдов врски во лабараторија да ми објаснат дека тоа низ годините не им се случило, уредно си ги маркираат чашките со шифра за секој посебно, ај бевме исплашени прв пат па незнавме што- како ама другите ако ги правам повеќе такви глупости во глава- не Нема шанси да ги смешаат а за да пуштат сперма во банка немаат нашиве кутрите опрема да ја зачуваат здрава- права додека да стигне, а башка си имаат земјите донатори не им стигнало до нас Без лоши филмови само напред инсеминацијата е 2 мин работа и ептен лесна постапка. Среќно
јас чекам резултат од 3та ијнсеминација, ма да менам голема надеж, ама мора да се направи, ако не биде одам и на 4та, па документо за инвитро. И оваа ја направив во Ремедика, овојпат без прегнил, со претходно земање кломифен, имав 4 фоликули, од кои двата беа во фаза на прскање кога ми ја правеа инсеминацијата, со големина околу 20 мм, а другите 2 беа помали и д-рот рече дека можат и покасно спонтано да бидат оплодени, ако не успее исеминацијата. Во секој случај ќе снам околу божич. Позз и се најдобро во Новата год